Црква „Св. Ѓорѓи“ - Горни Липовиќ

црква во селото Горни Липовиќ

Свети Ѓорѓи (позната и како Св. Великомаченик Ѓорѓи) — главна селска црква во радовишкото село Горни Липовиќ. Црквата се наоѓа на влезот од селото, на височинка што се издига на левата страна покрај патот.

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Горни Липовиќ

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Радовишко
Парохија Ињевско-конечка
Местоположба

Карта

Координати 41°30′39.6″N 22°29′37.4″E / 41.511000° СГШ; 22.493722° ИГД / 41.511000; 22.493722
Место Горни Липовиќ
Општина Конче
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1877
Архитектонски опис

Историја уреди

Црквата е изградена во 1877 година, но не е позната кога и од кој архијереј била осветена. Иконите биле изработени во 1860 година од страна на видниот крушевски мајстор Никола Михајлов.

Црквата започнала да се обновува во 2013 година и се очекувало градежните работи да завршат за една година, до март 2014 година. Во обновата била целосно обновена нејзината надворешност.[1]

Архитектура уреди

Градбата на црквата е со правоаголна основа, обоена е со бела боја и е покриена со ќерамиди. Од западната и северната страна на црквата е доградена припрата, којашто е значително пониска од црквата и е покрена со ќерамиди. Пред влезот на црквата има натстрешница, којашто се издига на два цилиндрични столбови. Таа е повисока од припратата, но пониска од црквата и исто така е покриена со ќерамиди. Над натстрешницата, на четири цилиндрични столбови се издига камбанаријата.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Реконструкција на црквата во село Горни Липовиќ“. Општина Конче. 6 ноември 2013. Посетено на 4 мај 2016.[мртва врска]

Надворешни врски уреди