Пехчевски Водопади
Пехчевски Водопади — водопади сместени на Малешевските Планини, кај изворите на реката Брегалница, во близина на градот Пехчево. Во пределот има девет водопади, од кои всушност само два се на Брегалница, додека останатите се на Црн Дол, Љутачка Река (Ж’тачка Река) и Спиковски Андак. Највисокиот водопад е со висина од 14 м.[1]
Пехчевски Водопади | |
---|---|
Големиот Спиковски Водопад | |
Место | Равна Река, Малешевски Планини, Општина Пехчево, Македонија |
Највисок слап | 14 м |
Водопади
уредиСпиковски Водопади
уредиСпиковските се наоѓаат по течението на Равна Река, поточно нејзината мала притока позната како Спиковски Андак, на околу 6 км од Пехчево во правец кон границата со Бугарија. Во оваа месност се сместени два водопади. Првиот се наоѓа на околу 200 м од патот и е висок околу 2 м, додека вториот се наоѓа на околу 300 м по првиот и неговата висина е околу 7 м. Патот до водопадите започнува со дрвена врата, а потоа е обележан и содржи неколку дрвени мовчиња. Во близина на водопадите, покрај почетокот од патот, е сместена ќумурџилница. Над водопадите е сместен археолошкото наоѓалиште Градиште. Според една легенда, Пехчево долги години бил под опсада на Османлиите кои не можеле да го освојат. На местото каде што се наоѓаат водопадите порано имало успусни канали, преку кои Османлиите влегле во тврдината и со тоа успеале да го освојат градот.[2]
Љутачки Водопади
уредиЉутачките Водопади се сместени на истоимената река, позната и како Ж’тачка Река, во месноста позната како Валевичка Река, на неколку километри од Спиковските Водопади кон границата со Бугарија. Во овој предел има два водопади коишто се наоѓаат на надморска височина од 1.400 м.[2] Едниот водопад е со висина од околу 10 м и до него може да стигне само со теренско возило.[3]
Скокото
уредиСкокото се наоѓа во истоимениот шумски парк, непосредно по вливот на Љутачка Река во Брегалница. Тој е висок околу 7 м и до него води пешачка патека во должина од околу 1.500 м којашто започнува од местото наречено Дебел Рид.[3]
Црнодолски Водопад
уредиЦрнодолскиот Водопад се наоѓа на истоимената река. До него води пешачка патека долга околу 400 м. Водопадот е висок 5 м.[3]
Туризам
уредиВо близина на водопадите се наоѓа туристичката населба Равна Река, во којашто има сместувачки капацитети и спортско-рекреативни терени.[4] Во април 2016 година, во населбата е отворен и рибник.[5]
Галерија
уреди-
Влезната порта од патот кон Спиковските Водопади
-
Малиот Спиковски Водопад
-
Големиот Спиковски Водопад
Поврзано
уреди- Хидрографија на Македонија
- Дарко Оносимоски 2021 година Патопис: Пехчевски водопади туристички локалитет со голем потенцијал- skiimacedonia.mk
Наводи
уреди- ↑ М., И.. „Сипковски водопади кај Пехчево“, Игеографија, 14 ноември 2011.
- ↑ 2,0 2,1 „Девет водопади на Брегалница“. Вест. 10 ноември 2008. Посетено на 30 јануари 2017.[мртва врска]Дарко Оносимоски 2021 Пехчевски водопади туристички локалитет со голем потенцијал
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Запознајте ги четирите Пехчевски водопади на реката Брегалница“, Фактор, 14 септември 2016.
- ↑ „Равна Река: Туристите се дочекуваат на свеќи и агрегати“. Телеграф. 8 ноември 2014. Посетено на 30 јануари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Отворен е нов рибник во Туристичката населба Равна Река во Пехчево Архивирано на 26 мај 2017 г.“, Општина Пехчево, 13 април 2016.