Црква „Св. Илија“ - Пуздерци

црква во селото Пуздерци

Свети Илија — главна селска црква во селото Пуздерци.[1] Црквата се наоѓа во источниот дел од селото, на стотина метри десно од патот кој води до селото Зарепинци. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.

Свети Илија

Поглед на црквата „Св. Илија“ во селото Пуздерци

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Четврта пробиштипска
Местоположба

Карта

Координати 41°56′38″N 22°08′09″E / 41.94389° СГШ; 22.13583° ИГД / 41.94389; 22.13583
Место Пуздерци
Општина Пробиштип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Завршено 1920
Зограф непознато
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата е изградена во 1920 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Не е познато ниту од кој иконописец биле изработени иконите. Црквата не е зографисана.

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е дводелна, при што и главниот и помошниот дел имаат четириаголна основа. Главниот дел е значително повисок и во него води влезната врата. Пред дрвената влезна врата има натстрешница покриена со ќерамиди, над која има живопис со ликот на Свети Илија. Главниот дел од градбата е покриен со кров од ќерамиди, додека помошниот дел е покриен со лимен кров. Покрај левиот раб од предната страна на црквата се наоѓа камбанаријата, којашто има примитивен облик и претставува ѕвоно виснато на држач закачен на ѕидот. Градбата целосно е обоена во бела боја.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.

Надворешни врски

уреди