Црква „Св. Архангел Михаил“ - Лесново
„Свети Архангел Михаил“ — соборен храм во манастирот „Свети Гаврил Лесновски“ во Лесново, Пробиштипско.
Свети Архангел Михаил
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Злетовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°00′47.5″N 22°13′41.4″E / 42.013194° СГШ; 22.228167° ИГД |
Место | Лесново |
Општина | Пробиштип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Архангел Михаил |
Завршено | 11 век |
Осветување | 1347 |
Живопис | 14 век |
Ктитор | Свети Гаврил Лесновски |
Зограф | Петре Филиповски – Гарката и непознати автори |
Водство | Игумен Дамскин |
Архитектонски опис |
Старешина на Лесновскиот манастир од 2007 година е Игумен Дамаскин. Во составот на манастирското братство има уште двајца јеромонаси, двајца монаси, еден јероѓакон и искушеници.[1]
Историја
уредиСпоред најстарото житие на свети Гаврил Лесновски, напишано од Станислав Граматик во 1330 година, овој храм и манастирот потекнуваат од 11 век, основан од Свети Гаврил Лесновски, посветен на Свети Архангел Михаил. Возобновен е во 1341 година од Деспот Јован Оливер. Фрескоживописот е завршен во 1347 година најверојатно од четворица зографи. Иконостасот е во длабока резба од 1811-1814, прво дело на тајфата на Петре Филиповски – Гарката.[1]
Значење
уредиМанастирот Св. Гаврил Лесновски е еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата, не само во Република Македонија туку и пошироко. Не само што со своето богатство и содржини на Иконостасот и фреско-сликарството претставува голема мистерија, туку тој е познат и по својата моќ да лекува болни лица. Селаните веруваат дека светецот Св. Гаврил Лесновски ги штити нив, нивното село и манастирот и дека неговиот дух се појавува во одредени периоди од годината. Тие исто така веруваат дека не случајно тука се настанати и селото и манастирот и со гордост истакнуваат дека овој простор е библиски.[1]
Галерија
уреди-
Влезната врата од црквата
-
Поглед на јужниот ѕид
-
Куполите на црквата
-
Фреска на царот Стефан Душан и царицата Елена
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Лесново на Ризницата ?