Слатинско Езеро
Слатинско Езеро — поранешно вештачко езеро во близина на селото Слатино, на околу 35 км северно од Охрид.[1]
Слатинско Езеро | |
---|---|
Селото Слатино и Слатинското Езеро | |
Координати | 41°21′08″N 20°50′54″E / 41.35222° СГШ; 20.84833° ИГД |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Мраморечка Река[1] |
Главни истеци | Слатинска Река[1] |
Слив | [1] км2 | 28,5 км2
Сливни земји | Македонија |
Најг. должина | 1 км[1] км |
Најг. ширина | 0,6 км[1] км |
Површина | [1] км2 | 0,28 км2
Најг. длабочина | 9 м[1] м |
Зафатнина | 1 мил. м3[1] км3 |
Се напојувало со вода од Мраморечка Река и било со вкупна зафатнина од 1.400.000 м3 и висинa на браната од 15,5 м. Водите од ова езеро се користеле за наводнување на земјоделските површини во Слатинско, Издеглавско и Оздоленско Поле, со вкупно 420 ха, но и за спортски риболов и туризам.
Денес, езерото повеќе не постои, откако било целосно испразнето во 2013 година поради пукање на неговата брана во февруари 2013 година.[2]
Потекло на поимот
уредиЕзерото името го добило по селото Слатино, во чијашто непосредна близина се наоѓало.
Историја
уредиЕзерото настанало со изградба на земјено-насипната брана во 1963 година. Браната била направена од глина, камења и земја.
Во 1993 година, езерото било целосно испразнето, поради поправка на браната и повторно било порибено во 1994 година.[1]
На 23 февруари 2013 година, браната на Слатинското Езеро пукнала поради што надлежните установи наредиле целосно празнење на езерото.[3] Најзагрозени од ваквата состојба се нашле малкуте преостанати жители на малото село Слатински Чифлик, како и нивите во околното поле, поради што биле и евакуирани од своите домови во најопасните моменти.[4]
Во 2015 година, по речиси две години без вода, повторно било наполнето од обилните врнежи, како и постојаниот доток на вода од реката, иако браната сè уште не била санирана, за што Општина Дебрца најавила проект за нејзина обнова во текот на 2017 година.[5]
Еколошка катастрофа
уредиПоради испразнувањето на езерото, кое било направено поради пукањето на браната во февруари 2013 година, езерото останало целосно без вода, со што била уништена целокупната флора и фауна на самото езеро, кое денес е целосно обраснато со трска.[2]
Пред целосното истекување на водата од езерото, во јуни 2013 година било одлучено целокупниот рибен фонд во езерото да биде изловен, со што крупните примероци на автохтон крап да се пренесат во езерцето во дворот на Хидробиолошкиот институт во Охрид, додека останатите ситни риби од сите видови да бидат префрлени во Требенишко Езеро и во останатите водни текови во сливното подрачје на Охридското Езеро.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на Охридското Езеро" за период 2017-2022“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-11. Посетено на 18 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 М., В. (7 јуни 2013). „Слатинско Езеро пред еколошка катастрофа!“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 18 октомври 2016.[мртва врска]
- ↑ „Пукна браната на Слатинско Езеро“. Република Online. Скопје. 23 февруари 2013. Посетено на 18 октомври 2016.[мртва врска]
- ↑ А., Е. (24 февруари 2013). „Евакуирани четворицата жители на Слатински Чифлик“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. Посетено на 17 октомври 2016.[мртва врска]
- ↑ „Слатинско Езеро повторно полно со вода“. Meta.mk. Охрид. 3 февруари 2015. Посетено на 18 октомври 2016.
Надворешни врски
уреди- Слатинско Езеро на Ризницата ?