Црква „Св. Илија“ - Митрашинци (нова)
Свети Илија — новоизградена селска црква во малешевското село Митрашинци, Македонија.[1] Сместена е на мала височинка надвор од селото, близу текот на реката Брегалница. Во близина на црквата се наоѓа археолошкото наоѓалиште Св. Илија, на кој се пронајдени остатоци на архитектонска камена пластика и од покривни ќерамиди, дел од старохристијанската црква во минатото.[2]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°47′05″N 22°44′57″E / 41.78472° СГШ; 22.74917° ИГД |
Место | Митрашинци |
Општина | Берово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Архитектонски опис |
Архитектура
уредиЦрквата претставува крсто-куполен храм. Куполата е изградена од тули, има осумаголна основа и на секоја од страните има монофора. Кон внатрешноста на црквата водат три влеза, од западната, јужната и северната страна. Пред секој влез има натстрешница покриена со кров од ќерамиди. На источната страна, односно во задниот дел од црквата, има апсида со шестаголна основа, во чија средина има ланцетен прозорец. Целата градба е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Апсидата на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Митрашинци (нова) на Ризницата ?