Негревска Река
река во Македонија
Негревска Река или Негревчица — река во Источна Македонија и притока на Пехчевска Река.
Негревска Река Негревчица | |
---|---|
Негревска Река низ селото Чифлик | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Влаина |
• надм. вис. | 1.729 м |
Устие | |
• место | Пехчевска Река |
• координати | 41°45′37″N 22°51′23″E / 41.76028° СГШ; 22.85639° ИГД |
Должина | 8,7 км |
Особености на сливот | |
Течение | Пехчевска Река → Брегалница → Вардар → Егејско Море |
Течение
уредиРеката извира под Орлов Камен на планината Влаина, на надморска висина од 1.729 м. Таа претставува постојан водотек и има стрмно и каменливо корито со пороек карактер. Негревска Река минува низ селата Негрево, по кое и го добила името, и Чифлик пред нејзиниот влив во Пехчевска Река.[1]
Галерија
уреди-
Течението на Негревска Река во селото Чифлик
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 50. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски
уреди- Негревска Река на Ризницата ?