Љубојнски манастир
Љубојнски манастир − македонски православен манастирски комплекс сместен на околу 1 километар југоисточно од преспанското село Љубојно, во коријата над селото. Неговиот комплекс го сочинува црквата „Св. Петар и Павле“, чешмата и камбанаријата.
Поглед на манастирот од селото Љубојно | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Петар и Павле“ - Љубојно |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | XX век |
Посветен на | Свети Петар и Павле |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | „Св. Петар и Павле“ |
Личности | |
Место | |
Место | село Љубојно, Општина Ресен, Преспа, Македонија |
Координати | 40°53′27″N 21°08′46″E / 40.89083° СГШ; 21.14611° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, камбанарија |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Подмочанско-љубојнска парохија) |
Црквата „Св. Петар и Павле“ се одликува со архитектура од двете светски војни, изградена во 1923 година од страна на браќата Никола и Јоше Стасовски.[1]
Историја
уредиЦрквата, но и самиот манастир, биле изградени во 1923 година со средства обезбедени од браќата Никола и Јоше Стасовски.[1]
Објекти
уреди- Црква
Главната и единствена манастирска црква е посветена на Света Петар и Павле.[2] Црквата е сместена во пошумениот дел од планината, на едно мало плато над селото Љубојно. Од селото до црквата се стигнува по земјен шумски пат за околу 30 минути. Црквата била подигната во 1923 година, што може да се забележи и од натписот на западната фасада со средства на Никола Христов Стасовски од селото Љубојно.
- Камбанарија
Од северната страна, практично на самиот влез во манастирскиот комплекс, се издигнува камбанаријата, со дрвени скалила, од каде се овозможува прекрасна глетка кон селото Љубојно и Преспанското Езеро.
- Чешма
Јужно од црквата, во непосредна близина се наоѓа чешмата, која според натписот е изградена истовремено со храмот.
Галерија
уреди-
Главната манастирска црква „Св. Петар и Павле“
-
Главната манастирска црква „Св. Петар и Павле“
-
Главната манастирска црква „Св. Петар и Павле“
-
Главната манастирска црква „Св. Петар и Павле“
-
Камбанаријата во Љубојнскиот манастир
-
Помошен објект во Љубојнски манастир
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 204. ISBN 9789989920554. Посетено на 28 ноември 2016.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Љубојнски манастир на Ризницата ?