Црква „Св. Никола“ - Велмеј
Свети Никола — главна селска црква во селото Велмеј, која претставува седиште на Велмејската парохија.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата Свети Никола, сместена на сретсело во селото Велмеј | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Велмејска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′54″N 20°54′06″E / 41.29833° СГШ; 20.90167° ИГД |
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | XIII век |
Ктитор | непознат |
Зограф | непознат |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа на самото сретсело, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта. На самиот влез во црквата се наоѓа големата камбанарија.
Опис
уредиСтариот дел од црквата е подигнат уште во 13 век и поради дотрајноста забележливи се значителни оштетувања. Влагата и другите влијанија направиле внатрешните сводови да се значително потемнети и ликовите на светителите одвај да се препознаваат. Пред повеќе децении бил ангажиран фрескосликар, кој ни од далеку не бил на рамниште на најпознатите македонски зографи, па затоа фреските на ѕидовите се со слаб квалитет. На сводот доминира итн. масонско око што постои и во некои други македонски цркви. И иконостасот со повеќе икони кои датираат од XV и XVI век е во лоша состојба, исто како и владичкиот престол на кој му недостигаат повеќе делови.[2]
Од десна страна на иконостасот на посебен постамент се наредени околу дваесетина стари црковни книги кои сè уште се чуваат.
Стариот дел од црквата има влез од јужната страна и на неговиот надворешен дел веднаш се забележува насликаната икона на Пресвета Богородица со малиот Исус Христос. Малиот Исус има обетка на едното уво, што е симбол кој во тој период се користел за да се покаже дека е дете единец. Ваков мотив на Исус со обетка на уво е мошне редок на фреските во македонските цркви и постои само на уште една фреска. Поради тоа, велмејската фреска е мошне значајна.[2]
До неа се и други фрески на кои се забележува дека им се ископани очите, што често се правело во минатото од страна на луѓето заради верувањето дека делови од малтерот и боите се лековити. Се забележува дека ѕидовите на стариот дел од црквата се дебели и до 80-ина сантиметри и дека во нив може да се направи доволен простор за криење на книгите. Целта на криењето била да се сочуваат книгите од кражбите на грчките фанариоти.[2]
Новиот дел од црквата бил граден некаде околу 1840 година и неговата функција била да служи како селско училиште. Затоа внатрешните сводови никогаш не биле осликани со фрески за сводовите и на тој начин да се спојат со стариот дел. И неговите камени ѕидови се дебели најмалку 60-ина сантиметри.
Постои пишани документи, но најповеќе како усна легенда фактот дека во црковните ѕидови се закопани многу книги.[2]
На полноќ се вратија од Велмеј, предводени од свештеникот со торба полна со книги. Тој ми објасни дека тоа се преостанатите од големиот број ракописи кои биле чувани во црквата. Прашав, каде исчезнале другите? Сме ги закопале во ѕидовите на новоизградениот храм. Тоа беше така, а јас не можев повеќе да дознаам за ова...
— Виктор Григорович, „Очерк путешествия по Европейской Турции, 1845 “ [3]
Галерија
уреди- Надворешноста
-
Влезот преку камбанаријата во црквата
-
Дел од селските гробишта
-
Гробиштата околу црквата
-
Камбанаријата заедно со гробиштата
- Фрескоживописот
-
Фреска во црквата
-
Икона на Свети Никола
-
Стариот дел на црквата
-
Иконостасот и фрескоживописот на црквата
-
Горниот дел на фрескоживописот во црквата
-
Дел од фрескоживописот во црквата
-
Фрески на новиот дел од црквата
-
Ретка фреска на Свети Петар
-
Ретката фреска на Пресвета Богородица со малиот Исус со обетка
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Ѓорѓевски, Бранко (23 април 2016). „Ѕидовите на велмејската црква „Свети Никола" кријат ракописи стари 600 години“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Архивирано од изворникот на 2016-06-24. Посетено на 20 септември 2016.
- ↑ Очерк путешествия по Европейской Турции
Поврзано
уреди- Велмеј
- Велмејска парохија
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — се наоѓа на североисточниот дел од селото, на едно возвишение;
- Црква „Св. Богородица Пречиста Ќелија“ — се наоѓа надвор од селото, на југоисточната страна;
- Црква „Вознесение Христово“ — најновата селска црква. Градена во периодот 2001-2014;
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Велмеј на Ризницата ?