Црква „Св. Димитриј“ - Штрбово

црква во селото Штрбово

Свети Димитриј — селска црква во селото Штрбово, Општина Ресен, Македонија.[1]

Свети Димитриј

Поглед на црквата заедно со малиот параклис покрај неа

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°55′58″N 21°07′08″E / 40.93278° СГШ; 21.11889° ИГД / 40.93278; 21.11889
Место Штрбово
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Изградба 1920
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна градба

Се наоѓа југоисточно од положбата на Штрбово (Горно Село). Била изградена во 1920 година од браќата Јоше, Иљо, Јосиф и Тодор Кирјаковски. Веднаш до неа е подигнат друг параклис во помали димензии од мештанката Гелејца Костовска.[2]

Положба уреди

Црквата е сместена на една доминантна височинка, до која речиси по изохипса се стигнува од старото село по земјениот пат. Од местоположбата на црквата се пружа една од најубавите глетки на источниот брег на Големото Преспанско Езеро.[3]

До црквата, денес може да се стигне преку асфалтниот пат кој води до соседната црква „Св. Атанасиј“, а подоцна преку земјен пат преминувајќи ја Штрбовска Река.

Градба уреди

Црквата претставува мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страда и влез од запад. Над западниот влез во црквата од надворешната страна во плитка ниша поставена е мермерна плоча со подолг врежан натпис. Од натписот се дознава дека е обновена во 1929 година со помош на прилозите од жителите на Штрбово.[3]

Црква била изградена од браќата Јоше, Иљо, Јосиф и Тодор Кирјаковски.[2]

Фрескоживопис уреди

Во внатрешноста нема ѕидно сликарство.[3]

Иконостас уреди

Црквата има иконостас, но без икони со забележителни уметнички квалитети.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 324. ISBN 9789989920554. Посетено на 11 декември 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 11 декември 2016.

Надворешни врски уреди