ОУ „Никола Петров - Русински“ - Русиново
Основно училиште „Никола Петров Русински“ (официјално: Основно општинско училиште „Никола Петров Русински“ - Русиново; скратено: ООУ „Никола Петров Русински“) — единствено основно училиште во селото Русиново, едно од двете основни училиште во Општина Берово.[1]
Никола Петров - Русински
| |
---|---|
![]() Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Берово |
Нас. место: | Русиново |
Адреса: | ул. „Борис Кидрич“, бр. 1; с. Русиново |
Местоположба | |
Основни информации | |
Број на ученици: | 115 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | ооу-н-п-русински.мкд |
Е-пошта | rusinski_rusinovo@yahoo.com |
Телефон | 033/448-522 |
Факс | 033/448-522 |
Училиштето е посетувано единствено од ученици од селото Русиново.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Русиново, веднаш до самата градинка.
Историја
уредиСпоред некои податоци, се наведува дека училиштето работело уште во втората половина на XIX век. По ослободувањето започнало да работи во ноември 1944 година како осумгодишно училиште. Во првата година биле запишани 302 ученика. Најпрвин, било наречени „Даме Груев“, а од 1974 година го носи денешното име.
Градба
уредиНовата училишна градба била изградена во 1947 година на два ката, со 12 училници, фискултурна сала, како и кујна со трпезарија.
Училишната библиотека располага со 7802 книги.
Галерија
уреди-
Влезот во училиштето
-
Биста на Никола Петров Русински во дворот на училиштето
-
Старата училишна зграда
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-11-23.