Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Злести

црква во селото Злести

Рождество на Пресвета Богородица (позната и како Пресвета Богородица или Света Богородица) — главна манастирска црква на новоизградениот Злестински манастир, сместен во непосредна близина на селото Злести, во чиј двор се наоѓаат остатоци на старохристијанска и средновековна црква Св. Богородица Пречиста, која се верува дека била изградена на темели на старохристијанска црква во времето на светите Климент и Наум.

Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата во Злестинскиот манастир

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Белчишка
Местоположба

Карта

Координати 41°17′01″N 20°48′52″E / 41.28361° СГШ; 20.81444° ИГД / 41.28361; 20.81444
Место Злести
Општина Дебрца
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба 2000
Завршено 2009
Осветување 1 август 2009
Архитектонски опис

Историја

уреди

Започнала да се гради во 2000 година по проект на Драган Танески. Иконостасот бил изработен од Гоце Трајчески, фрескоживописот во внатрешноста го изработила Васе Чуркоска, додека иконите се дело на Љупчо Дескоски.[1]

Црквата била осветена од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј на 1 август 2009 година.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВАТА „РАЃАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА" – С. ЗЛЕСТИ, ДЕБРЦА, ОХРИДСКО“. Дебарско-кичевска епархија. 4 август 2009. Посетено на 28 август 2016.

Надворешни врски

уреди