ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово

средно училиште во Македонија

„Ацо Русковски“ — средно училиште во Берово, Општина Берово[1].

ОСУ „Ацо Русковски“

Место
Општина: Берово
Место: Берово
Адреса: Ул. „Даме Груев“ бб.
Основни информации
Директор: Душанка Паговска
Настава на: македонски
Контактни информации
е-пошта acoruskovski@yahoo.com
тел. +389 33 471/468
Поглед на училиштето
Новоизградената сала до училиштето

Основање и развој на ОСУ „Ацо Русковски“ уреди

Училиштето „Ацо Русковски“ е основано во учебната 1951/52 година како неполна гимназија „Страшо Пинџур”.Средното образование во Берово е воведено од учебната 1953/54 година со решение на Советот за просвета на НРМ од 10.09.1953г., кога е верифицирана полна гимназија. Во 1956 година гимназијата се трансформира-преминува во средно економско училиште.Во 1960/61 година се враќа гимназискто образование, но продолжува да постои и економското училиште. Наредната година економското училиште се припојува кон гимназијата, а постојат две паралелки од просветна струка. Од таа година училиштето го добива името Ацо Русковски. Од учебната 1963/64 година средното училиште функционира како чиста гимназија (без економски и педагошки паралелки),се до 1978 година, кога се трансформира во ЦСО. Во ЦСО покрај гимназиско има и стручно образование: текстилно-кожарска струка, електро, дрвопреработувачка, струка за неметали и др. Од 1980 до 1990 година училиштетото работи според концептот за средно насочено образование, а стручното си постои вон тој концепт. Во учебната 1991/92 година се напушта концептот за насочено образование и се враќа гимназиското образование. Од 2001/02 година гимназиското образование се реализира според новите планови и програми.

Визија на училиштето уреди

Нашето училиште е со традиција, отворено за нови идеи што го поттикнуваат поединечниот развој и креативноста на учениците. Нуди можност за проодност на сите факултети. Подготвеност за вклучување на пазарот на трудот. Интенција за воведување на нови струки од интерес на општината.

Патронен празник уреди

Патрониот празник на училиштето се одржува секоја година на 24 Септември. За одбележување на тој празник се одржуваат голем број на манифестации, како од спортски, така и од културен аспект. Учениците од средното училиште подготвуваат точки со кои настапуваат на сцена. Претежно точките се од делот на музика (пеење и свирење на музички иснструменти), драмската уметност и модерните танци. Учениците се истакнуваат и во спортските натпревари - ракомет, кошарка, одбојка, фудбал итн .

Соработка со други училишта уреди

ОСУ „Ацо Русковски“ е во соработка со други училишта, не само од Македонија, туку и пошироко:

  • Гимназија Брус - Србија
  • Англиска јазична гимназија „Thomas Јеfferson “ - Софија
  • Средно училиште „ Јане Сандански “ - Сандански
  • СОУ „ Орце Николов “ - Скопје
  • СОУ „ Методи Митевски - Брицо “ - Делчево
  • СОУ „ Ванчо Прке “ - Виница

Учество на натпревари и освоени награди уреди

Наградени ученици:
  1. Буровска Даринка - златен медал на меѓународниот натпревар по спорт во рамките на меѓународниот проект „Не на наркотиците“, одржан во Сандански, Р.Бугарија на 02.10.2010 година
     
    Меѓународниот натпревар по спорт-Сандански
  2. Лапевски Владимир - златен медал од областа на информатиката на Макинова во октомври 2010 година во Скопје
  3. Анита Пипонска - сребрен медал во областа на биологија на Еканова во октомври 2010 година во Скопје
  4. Мандолински оркестар - прво место на државниот натпревар во Скопје на 15.05.2011 година
  5. Јовинска Стефанија- I место астрономија.
  6. Кас'мска Лорета - I место модерна физика.
  7. Симоновски Гоце- II место роботика.
  8. Суџукович Ана - II место систематика.
  9. Симевска Моника - II место микробиологија.
  10. Грковска Ивана - II место неорганска хемија.
  11. Димитровска Христина - II место математика.
  12. Сирачевска Александра - II место фармакологија.
  13. Арменски Роберт - III место компјутерско програмирање.
  14. Ингилизова Виолета - III место неорганска хемија.
  15. Станоевска Милица - III место модерна физика.
  16. Тони Трајковски - III место модерна физика.

Државен натпревар за противпожарна заштита уреди

  • Анита Кажлевска
  • Катерина Мишевска
  • Војче Митевски

Прво место екипно

  • Ѓорѓи Ајтовски

Второ место

Државен натпревар по латински јазик уреди

  • Викторија Кржовска- III место

Натпревар за најдобар бизнис план III место уреди

  • Дијана Касмска
  • Анита Перовска
  • Елена Јангеловска
  • Јордан Андовски
 
Натпревар за најдобар бизнис план

Републички натпревар на детски и младински оркестри - уреди

  • I Место

Проекти и активности уреди

Најзначајни проекти и активности спроведени во ОСУ „Ацо Русковски“ се:

  • SEA проектот- активности во средното образование;
  • GLOBE - светска еколошка програма, која е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање;
  • Промоција на хумани вредности - во соработка со Црвен крст;
  • E-dnevnik;
  • Проект “Менторство на Ромите„;
  • Дипломирани Роми и подобрување на нивниот живот;
  • Поттикнување на младите во политичките процеси - едукација на младите гласачи;
  • ЕКО училиште;
  • Условени прарични трансфери - УПТ;
  • Програма - Советување на родители.

Наставен кадар уреди

 
Наставниот кадар на училиштето
  • Вкупно вработени - 65
  • Раководен кадар
  1. Директор : Корчовски Сашко
  2. Заменик директор
  3. Раководител на дисперзирани паралелки
  • Стручни соработници- ( педагог, 2 психолози, социолог, библиотекар)
  • Професори - 55
  • Административна служба( секретар, благајник, администратор)
  • Технички персонал (парноложач, ноќен чувар,хигиеничари)

Ученици уреди

Вкупно : 561 (26 паралелки) уреди

  • Гимназија: 495 ученици (21 паралелки)
  1. Берово: 342 ученици (15 паралелки)
  2. Пехчево: 152 ученици (6 паралелки)
  • Текстилна: 44 ученици (4 паралелки)
  • Угостителско-туристичка: 22 ученици (1 паралелка)

Национална припадност уреди

  • Македонци – 504
  • Турци – 18
  • Роми – 39

Наставата се изведува на македонски наставен јазик

Интегрална евалуација уреди

  • Во спроведената интегрална евалуација во април 2011 година ОСУ „Ацо Русковски“ доби оценка „Добар“.
  • После спроведеното вреднување на професорите на 1 февруари 2012 година, просечната оценка е 3,67 (Мн. добар).

Просторни услови уреди

Кабинети уреди

 
Училишната сала однадвор.
 
Училишната сала внатре.
 
Библиотеката на училиштето.

Во училиштето има 22 Кабинети од кои 15 се опремени со компјутерска технологија.

Пракса уреди

За практична настава во училиштето има 2 добро опремени простории.

Спортска сала уреди

Добро опремена спортска сала.

Библиотека уреди

Добро опремена библиотека

Познати личности кои учеле во ова училиште уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Координати: 41°42′49″N 22°51′11″E / 41.71361° СГШ; 22.85306° ИГД / 41.71361; 22.85306