Црква „Св. Илија“ - Сладуево

црква во селото Сладуево

Свети Илија — македонска православна црква во изградба во селото Сладуево. Црквата се наоѓа на почетокот на селото.

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Крушевско-демирхисарско
Парохија Слепчанска
Местоположба

Карта

Координати 41°15′26″N 21°12′27″E / 41.25722° СГШ; 21.20750° ИГД / 41.25722; 21.20750
Место Сладуево
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба во тек (започната во 2007 година)
Архитектонски опис

Историја

уреди

Сладуево било едно од ретките македонски села без црква, така што сите христијански обреди (крштевки, венчавки и погреби) се извршувале под отворено небо. Така, со помошта на верници од Македонија, но и од македонски иселеници од САД и Австралија, во август 2007 година биле поставени темелите за изградба на црква. Денес, градбата на црквата е целосно изградена и се работи на уредување на внатрешноста.[1][2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во задниот дел. Влезот се наоѓата на бочната страна свртена кон југ, а на ѕидот десно од него има монофора. Два ланцетни прозорци има и на ѕидот свртен кон северната страна, а мало ланцетно прозорче има и на апсидата. Градбата е изградена од камен и е покриена со ќерамиди. На делот од задниот ѕид кој се простира од апсидата до кровот на црквата е насликан крст во темно-црвена боја.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди