Црква „Св. Никола“ - Рајца

црква во селото Рајца

Свети Никола — главна селска црква во селото Рајца, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа на видлива височинка од јужната страна на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1]

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 41°00′02″N 21°03′41″E / 41.00056° СГШ; 21.06139° ИГД / 41.00056; 21.06139
Место Рајца
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1867
Архитектонски опис

Црквата била изградена во 1867 година.[1]

Градба

уреди

Црквата „Св. Никола“ се наоѓа во рамките на самото село, во ограден простор, заедно со селските гробишта. Црквата е мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна.[2]

Црквата била изградена во 1867 година, а во поново време на нејзината северна и западна страна биле доѕидани затворени тремови и било извршени малтерисување на фасадите. Влезовите кон внатрешноста се поставени на северниот и западниот ѕид.

Фрескоживопис

уреди

Живописот е сочуван од северната страна на наосот со претставата на „Св. Ѓорѓи“ и во двете ниши од североисточниот агол на олтарниот простор.[2]

Кон северниот ѕид, на вратата од влезот во олтарниот простор, насликана е фигурата на Архангел Михаил.[2]

Иконостас

уреди

Иконостасот на оваа црква се состои од едноставна дрвена конструкција со три реда на икони. Во средината се поставени царските двери врз кои е насликано Благовештението на Св. Богородица. Иконите потекнуваат од непозната зографска работилница од втората половина XIX век.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 262–263. ISBN 9789989920554. Посетено на 16 ноември 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 16 ноември 2016.

Надворешни врски

уреди