Малоилинска Река
река во Југозападна Македонија, десна притока на Црна Река
Малоилинска Река (позната и како Кушница) — река во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река. Речните води претставуваат извор за производство на електрична енергија.
Малоилинска Река Кушница | |
---|---|
Поглед на реката низ селото Мало Илино | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Плакенска Планина |
Устие | |
• место | Црна Река |
• координати | 41°19′19″N 21°3′44″E / 41.32194° СГШ; 21.06222° ИГД |
• надм. вис. | 713 м |
Особености на сливот | |
Течение | Црна Река → Вардар → Егејско Море |
Речен слив | Вардар |
Течение
уредиТечението на реката започнува во североисточниот дел на Плакенска Планина, каде што таа настанува со спојување на реките: Чавдарица, Јабланица и Мирча. Понатаму, таа поминува низ селото Мало Илино и северозападно од Демир Хисар се влева во Црна Река.[1]
Енергетика
уредиПо течението на реката е изградена малата хидроцентрала „Кушница“ со моќност од 247,5 KW.[2]
Галерија
уреди-
Влезот на селото Мало Илино, низ кое тече реката
-
Текот на реката
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 47. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Повластени производители - Хидроелектрани Архивирано на 3 март 2021 г., „МЕПСО“.
Надворешни врски
уреди- Малоилинска Река на Ризницата ?