Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смилево (селска)

црква во селото Смилево

Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во демирхисарското село Смилево, сместена на височинка во селото.[1]

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Крушевско-демирхисарска
Парохија Демирхисарска
Местоположба

Карта

Координати 41°9′15.7″N 21°6′39″E / 41.154361° СГШ; 21.11083° ИГД / 41.154361; 21.11083
Место Смилево
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика

Историја

уреди

Црквата била изградена во 1911 година, една година пред завршување на отоманското ропство.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е прилично голема и во основа претставува трикорабна градба со полукружен дрвен средиштен свод и покриени странични бродови. Поседува петострана апсида со слепи аркади од надворешната страна.[2]

Црквата поседува три влеза и големи пространи прозорци, поставени во два реда на северниот и на јужниот ѕид. Ѕидовите се од кршен камен, а на фасадата се обработени со фугирање. Има покрив на две води и истиот е од ќерамиди, но најверојатно првично бил од плочи. Отворите, венецот и апсидата се изработени од делкан камен.[2]

Во внатрешноста црквата има галерија.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Смилево“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-17. Посетено на 11 март 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Димитров; Никола (2017). Географија на населби : општина Демир Хисар. Битола. ISBN 978-608-65616-4-2. Архивирано од изворникот на 2020-04-17. Посетено на 2020-03-11.

Надворешни врски

уреди