Сопотнички манастир
Сопотнички манастир — средновековен манастир во областа Железник, во југозападниот дел од Македонија.[1] Манастирот се наоѓа на падините на Плакенска Планина, во близина на селото Сопотница.
Поглед на манастирската црква „Св. Атанасиј“ | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Сопотнички манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Атанасиј“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 2005 |
Посветен на | Свети Атанасиј Велики |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Никола“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Сопотница, Општина Демир Хисар Македонија |
Координати | 41°18′49″N 21°08′48″E / 41.31361° СГШ; 21.14667° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Сопотничка парохија) |
Историја
уредиМанастирот е возобновен во поново време, при што темелите биле поставени во 2005 година.[2] Во мај 2015 година, до манастирот бил тампониран пат во должина од околу 1,5 км директно од селото Сопотница како алтернатива за патот во должина од 10 км преку патот за селото Радово.[3]
Градби
уредиВо склоп на манастирот спаѓаат манастирската црква и трпезарија наменета за чествување на празници.
Црква „Свети Атанасиј“
уредиЦрквата е подигната на темелите на постар храм, а на тоа укажуваат и пронајдените артефакти.[2]
Градбата има правоаголна основа, со полукружна апсида во нејзиниот заден дел, и претставува крсто-куполен храм. Над влезната порта се забележува живопис, на којшто е прикажан Свети Атанасиј Велики. Особено забележителна е осумаголната купола што се издига од средишниот дел на покривот на црквата и над која е поставен крст.
Галерија
уреди-
Уредениот двор на манастирот
-
Трпезаријата
-
Помошни простории
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Ш., А.. „Демир Хисар ќе го развива манастирскиот туризам[мртва врска]“, Канал 5, 3 август 2013.
- ↑ „За манастирската слава по нов пат до Св.Атанасиј во Сопотница[мртва врска]“, Вечер, 14 мај 2015.
Надворешни врски
уреди- Сопотнички манастир на Ризницата ?