Злестински манастир

манастир во селото Злести

Злестински манастир — новоизграден манастир во близина на селото Злести, во областа Дебрца. Манастирот е подигнат покрај археолошкото наоѓалиште Св. Богородица Пречиста, каде е откриена средновековна црква на темели од старохристијанска базилика, за која се верува дека била изградена во времето на светите Климент и Наум.[1]

Злестински манастир
Поглед на новоизградената манастирска црква, заедно со урнатините на средновековната црква
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Богородица“ - Злести
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наПресвета Богородица
ЕпархијаДебарско-кичевска
ЦрквиЦрква „Рождество на Пресвета Богородица“
Личности
Место
Местос. Злести, Општина Дебрца Македонија Македонија
Координати41°17′01″N 20°48′52″E / 41.28361° СГШ; 20.81444° ИГД / 41.28361; 20.81444
Видливи остатоци1 црква, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Белчишка парохија)

Градби во манастирот

уреди

Во рамките на манастирот се наоѓаат манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“, камбанаријата, конаците, како и значајното археолошко наоѓалиште Св. Богородица Пречиста, по кого е именувана и новоизградената црква, со што со изградбата на манастирот се продолжила низата на постоење на христијански храмови на ридот над селото Злести.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“

уреди

Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Црквата започнала да се гради во 2000 година по проект на Драган Танески. Целосно била завршена во 2009 година, кога била осветена од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.[2]

„Св. Богородица Пречиста

уреди

Св. Богородица Пречиста (понекогаш спомнувано и како Раштани) претставува старохристијанска базилика и средновековна црква со некропола, чиишто остатоци и рушевини од ѕидините се наоѓаат во наоѓалиштето „Раштани“, во непосредна близина на селото Злести, 30 километри северно од градот Охрид.[3]

Средновековната црква во наоѓалиштето изградена на темели на старохристијанска базилика се верува дека била подигната за време на животот и делото на светите Климент и Наум.[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Архитектура“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 116. Text "series " ignored (help)
  2. „ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВАТА „РАЃАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА" – С. ЗЛЕСТИ, ДЕБРЦА, ОХРИДСКО“. Дебарско-кичевска епархија. 4 август 2009. Посетено на 28 август 2016.
  3. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  4. Т., О. (5 октомври 2013). „Фрескоживописот, сакралната и рурална архитектура и селските слави и обичаи во Дебрца“. OhridNews.com. Охрид. Посетено на 27 август 2016.

Надворешни врски

уреди