Лубен
планина во Македонија
Лубен — средновисока планина во Македонија со највисок врв Кафчал (1.762 м). Припаѓа на планините од западномакедонската група.
Лубен | |
планина | |
Поглед на планината Лубен со селото Цер во подножјето
| |
Регион | Балкан |
---|---|
Се граничи со | ![]() |
Највисока точка | Кафчал |
- височина | 1.762 м |

Се протега помеѓу Церско Поле на запад и северозапад. Со горниот тек од долината на Церска Река и превојот Кула е одвоена од Баба Сач. На исток продолжува во Бушева Планина, но од неа е одвоена со превојот Стрмол (1.370 м), а на југ е Демир Хисар. Геолошкиот состав е претставен со варовнички карпи што овозможиле интензивна карстна ерозија. Има динарски правец на протегање сз–ји и се развиени површински карстни форми: шкрапи, вртачи, ували, мали карстни полиња и скарстени долови[1].
Наводи уреди
- ↑ Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.
Надворешни врски уреди
Координати: 41°23′5″N 21°4′35″E / 41.38472° СГШ; 21.07639° ИГД