Црква „Св. Јован Богослов“ - Чифлик
Свети Јован Богослов — главна селска црква во малешевското село Чифлик.[1] Сместена е во источниот дел од селото, на десната страна од патот којшто води кон Пехчево.
Јован Богослов
| |
Поглед на црквата со камбанаријата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°45′40″N 22°51′26″E / 41.76111° СГШ; 22.85722° ИГД |
Место | Чифлик |
Општина | Пехчево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Јован Богослов |
Архитектонски опис |
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во западниот дел. На јужната страна има пет монофори. Камбанаријата се издига од западната страна, непосредно пред главниот влез од црквата. Таа има квадратна основа и се состои од четири дела. Секој дел од основата кон врвот има помала основа. На секоја страна од првите три дела има по една монофора, додека последниот дел е поотворен од страните. Камбанаријата е покриена со пирамидален кров со ќерамиди над кој има крст. Градбата на црквата и камбанаријата во целост се обоени во бела боја. Во дворот на црквата впечатлива е и пространата трпезарија, која го оградува дворот од западната, јужната и источната страна.
Галерија
уреди-
Поглед на јужната страна на црквата
-
Камбанаријата на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 67. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Јован Богослов“ - Чифлик на Ризницата ?