Црква „Св. Димитриј“ - Сливница

црква во селото Сливница

Свети Димитриј — гробјанска селска црква во преспанското село Сливница, Македонија.[1]

Свети Димитриј

Поглед на црквата заедно со селските гробишта

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°57′35″N 21°04′45″E / 40.95972° СГШ; 21.07917° ИГД / 40.95972; 21.07917
Место Сливница
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитриј
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна градба

Се наоѓа во селото, изградена при крајот на XVIII или почетокот на XIX век. Во нејзиниот круг се наоѓаат и селските гробишта.[2]

Во неа има иконостас од поново време. Градена е со помош на месните жители и иселениците во прекуокеанските земји.[3]

Име уреди

При изведување на некои градежни работи во текот на 1996/97 година била пронајдена плоча со натпис „Св. Петка“, што упатува на можноста некогаш црквата да го носела тоа име, по примерот на онаа од претходната местоположба на селото, но нема сознанија за причините на промената.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 291. ISBN 9789989920554. Посетено на 25 декември 2016.
  3. „400 години на Сливничкиот манастир, "Света Богородица". PrespaSky. 2 август 2007. Архивирано од изворникот на 2020-08-20. Посетено на 2010-08-11.

Надворешни врски уреди