Прељупски манастир
манастир на МПЦ-ОА
Прељупски манастир — понов манастир во долнопреспанското село Прељубје.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Галичица.
Вековниот даб, белег на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Илија“ - Прељубје |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1999 |
Посветен на | Свети Илија |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | „Св. Илија“ |
Личности | |
Место | |
Место | село Прељубје, Општина Ресен, Преспа, Македонија |
Координати | 41°2′5″N 20°57′38″E / 41.03472° СГШ; 20.96056° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Втора ресенска парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа во самото село, на местоположба од каде се гледа целата Преспанска Котлина.[2]
Црква
уредиЦрквата била обновена во 1999 година, како што е наведено на плочата поставена на црквата. Истата била обновена од страна на ктиторот Пеце Ѓурковски, кој потекнува од селото, но живее и работи во Франкфурт, Германија.[3]
Даб
уредиСелото, но и самиот манастир, има свој симбол, а тоа е седумвековниот даб. Жителите со поставената потпора на стеблото на дабот го спасиле.[3]
Галерија
уреди-
Манастирската чешма
-
Започнатите конаци
-
Црквата „Св. Илија“
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 249. ISBN 9789989920554. Посетено на 21 февруари 2019.
- ↑ 3,0 3,1 Таушанска, Марија (2018-08-16). „Седумвековен даб го чува манастирот „Свети Илија" во Прељубје“. Нова Македонија. Посетено на 2019-02-21.
Надворешни врски
уреди- Прељупски манастир на Ризницата ?