Драмски театар - Скопје

Драмскиот театар — Скопје — една од најстарите театарски установи во Македонија.

Драмскиот театар - Скопје
Основана1946
Видкултурна установа
МестоСкопје
ДиректорРоберт Вељановски
Мреж. местоdramskiteatar.com.mk

Историја

уреди

Театрот започнал како куклен/детски театар во рамките на Македонскиот народен театар (МНТ), која во 1946 година ја основал својата Куклена сцена.[1][2] Во 1949 година, по неколку успешни куклени претстави, Куклената сцена при МНТ и официјално прераснала во Градски куклен театар, чиј прв директор бил Лазар Балабанов.[2] Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги играл на две сцени: младинска и детска.

Од 1960 година во театарот започнала да работи и вечерната сцена, со првата претстава „Доживувањата на Николетина Бурсаќ“ (драматизација Миња Дедиќ, режија Петре Прличко; премиера на 5 февруари 1960).

Од земјотресот во 1963 до 1965 година, театарот немал своја зграда. На 4 март 1965 година, Драмскиот младинско-детски театар се преселил во монтажниот објект (изграден како донација на Британската амбасада) на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2.[3] Првата претстава што била изведена во новиот објект на театарот била „Богомилска балада“.[2] Едновремено се формирал и постојан професионален ансамбл, чии членови-основачи биле: Нада Гешоска, Димитар Гешоски, Дарко Дамески, Вукан Диневски, Мара Исаја, Јон Исаја, Ацо Јовановски, Тодорка Кондова-Зафировска, Драги Крстевски, Крум Стојанов, Милица Стојанова и Кирил Ќортошев. Истата година, театарот се преименувал во „Драмски театар“.

Претстави

уреди

До крајот на 2001 година, Драмски театар поставил 332 премиери и прикажал повеќе од 10.500 претстави. Најизведувани претстави во Драмскиот театар биле „Солунски патрдии“,[4] со 335 изведби во периодот 1979-2006, како и „Болва во уво“, со 333 изведби.Исто така, голема популарност имала претставата „Чија си“, која за само две години имала 181 изведба, како и претставите „Свадба“ на Васил Иљоски и во режија на Димитрие Османли и „Рибарски караници“ на Карло Голдони и во режија на Тодорка Кондова-Зафировска. Во 1963 година, претставите на Драмскиот театар ги гледале 142.465 гледачи, а таа година имало пет премиери и 259 одиграни претстави. Успешна година била и 1974 година, со 140.406 гледачи. Потоа, посетеноста на претставите започнала да се намалува и изнесувала: 80.000 гледачи во 1990 година, околу 50.000 во 2010 година (на 213 претстави) и 26.000 посетители во 2013 година (на 112 претстави). Првата Стериина награда, Драмски театар ја освоил за претставата „Покојник“ од Нушиќ, а во режија на Љубиша Георгиевски, додека најнаградувани претстави биле: „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски а во режија на Слободан Унковски, „Еригон“ од Јордан Плевнеш а во режија на Љубиша Георгиевски и „Диво месо“ на Горан Стефановски а во режија на Унковски.[2]

На сцената на Драмски театар биле поставени следниве претстави:

Наводи

уреди
  1. Прва претстава Силјан Штркот; драматизација и режија на Петре Прличко; изработка на кукли Светлана Малахова; премиера на 21 април 1946
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Милена Атанасоска Манасиева, „Драмски имал најмногу гледачи веднаш по скопскиот земјотрес“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 22.
  3. „Драмски театар одбележа 50 години живот на улицата Шекспирова“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 15.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Сомнително лице најизведувана во МНТ, Последните Македонци - во Драмски“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 19.
  5. „Чиста и природна играбазирана на чувствителен текст“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 19.
  6. „Премиера на „Љубовници“ во Драмски театар“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 14.
  7. „Љубовници е непредвидлива и забавна претстава“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 16.
  8. Вилијам Шекспир, Венецијански трговец. Скопје: НУ Драмски театар - Скопје, 2017.

Надворешни врски

уреди