Диме Илиев (роден на 19 септември 1952 во Кавадарци) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер.

Диме Илиев
Роден 19 септември 1952 (1952-09-19) (71 г.)
Кавадарци, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Исправи се Делфина
Викенд на мртовци
Сенки
Неверство во зимска ноќ
Преспав
Македонски народни приказни
Мајки
Занимање глумец
Деца Трајанка Илиева-Таци (ќерка)

Животопис Уреди

Илиев дипломирал на Факултет за драмски уметности во Скопје во 1975 година и истата година се вработил како глумец во Драмски театар-Скопје, и работи се до неговото пензионирање во 2019 година.

Кариера Уреди

Во текот на кариерата, Илиев одиграл над 100 улоги, и тоа не само на репертоарот на Драмскиот театар, туку на сцените на другите театри во Македонија. Исто така, Илиев настапувал и во телевизиски и радио драми, во играни филмови, а имал и неколку режисерски ангажмани.

Филмографија Уреди

Година Филм Улога
1970.-те
1975. Прва вечер ТВ-филм
1977. Исправи се, Делфина ТВ-филм Петко
1977. Итар Пејо ТВ-серија /
1977. Сослушувањето на железничарот ТВ филм Методија Стрезовски
1979. Наши години ТВ-серија Диме
1980.-те
1980. Време води ТВ-филм
1980. Двојка ТВ филм Филип
1981. Црвениот коњ ТВ-филм
1983. Ликвидатор ТВ-филм
1985. Тетовирани души ТВ-филм
1986. Климент Охридски ТВ филм Арсениј
1987. Театарче лево ќоше ТВ-филм
1988. Тврдокорни ТВ-серија Доне Стојанов-Стипјанчето
1988. Викенд на мртовци ТВ-серија Келнерот
1989. Цвеќе на карпата ТВ-филм Синот
1990.-те
1990. Викенд на мртовци ТВ-филм Келнерот
1990. Северна грешка ТВ филм Чевек во WC
1990. Алф од Ново Лисиче ТВ-филм Суљо
1991. Македонија може ТВ-серија /
1992. Македонски народни приказни ТВ-серија /
1992. Тврдкорни ТВ-серија
1992. Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Полицаец
1993. Еурека ТВ-серија Томас Едисон - возрасен
1994. Прекалени ТВ-серија Димитар Миладинов
1995 1999. Во светот на бајките ТВ-серија Слугата
2000.-те
2000. Мајка Тереза ТВ-филм
2000. Погрешно време ТВ-серија Никој и ништо
2000-2001. Светот има осум страни ТВ-серија Советникот
2001. Агенција осамени срца ТВ-серија
2002. Заведени ТВ-серија /
2004. Големата вода ТВ-филм Хоспитал Менаџер
2004. Неверство во зимска ноќ ТВ филм /
2005. Контакт ТВ-филм Неигхбоур
2006. Македонски народни приказни ТВ-серија /
2007. Сенки ТВ-филм Игњат Перков
2008. Куќен совет ТВ-серија
2010.-те
2010. Мајки ТВ-филм Сергеант Јанески
2010 2011. Од денес за утре ТВ-серија Боге
2012. Македонски народни приказни ТВ-серија
2013 2014. Тврдокорни 2 ТВ-серија Поштар емигрант / Игуменот Козма
2014. Приказни од животот ТВ-серија
2014. Македонски народни приказни 3 ТВ-серија Крсте
2015. Медена ноќ ТВ-филм Симонов
2015. Збор ТВ-филм Горди
2016. Чевли Краток филм Павле
2016. Црвената соба ТВ-филм Никола
2017. Исцелител ТВ-филм Тоде
2017. 5 плус фамилија ТВ-серија Коста
2018. Преспав ТВ-серија Иво
2018. Година на мајмунот ТВ-филм Политичар
2020.-те
2022. Кајмак ТВ-филм
2022. Македонски народни приказни ТВ-серија

Тетарски претстави Уреди

Награди и признанија Уреди

  • „Најдобар млад глумец“, 1976 (за претставата „Црнила“)
  • „Ристо Шишков“, 1995 (за претставата „Од првиот здив“)
  • Награда за главна улога, ТВ фестивал Порторож, 1976 (за ТВ-драмата „Сослушувањето на железничарот“)
  • „Најпопуларно ТВ лице“, 1979“ (за серијата „Наши години“)
  • Награда за најдобра машка улога на Ифад з улогата на таткото во Евродика (2013)
  • Награда „Петре Прличко“, 2019[1]

На 25 март 2015 година, по завршувањето на претставата „Човекот што го изеде светот“, поставена од страна на Драмскиот театар во Скопје, на Илиев му била врачена наградата „Глумец на годината“ што ја доделува дневниот весник „Дневник“. Притоа, на Илиев му била врачена статуетка (дело на вајарот Сашо Саздовски) на која било запишано неговото име. Во таа прилика, Илиев изјавил: „Не постои глумец на кој наградите не му значат. Ние работиме за публиката, за аплаузи, но наградите се потврда за тоа што сме го сработиле“.[2]

Наводи Уреди

  1. ТЕШКО МИ ПАЃА ПЕНЗИЈАТА, АКО МЕ БАРААТ РЕЖИСЕРИ, ТУКА СУМ, КАЖА ДИМЕ ИЛИЕВ ПО ДОБИВАЊЕТО НА НАГРАДАТА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“ на семрежното место на „Сакам да кажам“
  2. „Овации и аплаузи од публиката на нозе за Диме Илиев“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 32.

Надворешни врски Уреди