Трајанка Илиева
македонска глумица
Трајанка Илиева-Велиќ (родена на 11 декември 1980 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Трајанка Илиева-Велиќ | ||
Родена | 11 декември 1980 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогата во: Македонски народни прказни Пусто турско | |
Занимање | глумица | |
Сопружник | Дарко Велиќ | |
Татко | Диме Илиев |
Животопис
уредиТрајанка Илиева во 2006 година дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а од 2007 година таа вработила како глумец во Драмски театар - Скопје. Остварила неколку главни и споредни улоги, не само на сцената на матичниот театар, туку и на други театарски сцени во Македонија.
Поважни театарски улоги:
- Џеки — Драми на принцезите, р. Жива Бизовичар, ДТС 2024
- Парови, р. Ивана Ангеловска, ДТС 2024
- Така зборуваше Гертруда, р. Ангелчо Илиевски, ДТС 2022
- Чудна случка со кучето во ноќта, р. Зоја Бузалковска, ДТС 2021
- Мојот маж, р. Нела Витошевиќ, ДТС 2020
- Лошата крализа - Снежана и седумте џуџуња, р. Димче Николовски, ДТС 2016
- Капетанот Фокс Џонсон - Капенанот Џон Пиплфокс, р. Коле Ангеловски, ДТС 2014
- Амелија - Ждрело, р. Зоја Бузалковска, ДТС 2014
- Кети - Евангелија на глупоста, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2014
- Пандора - Солунски патрдии, р. Коле Ангеловски, ДТС 2013
- Собарката - Вртелешка, р. Андреј Цветановски, ДТС 2012
- Ифигенија од Турција - Археалос или Еврипит се врача на Балканот, р. Владо Цветановски, ДТС 2012
- Харпер - Ангели во Америка р. Џарет Џ. Стајн, ДТС 2009
- Елена - Сон на летната ноќ р. Коле Ангеловски, ДТС 2008
- Сите лица на Петре М. Андреевски, р. Владо Цветановски, ДТС, 2008Ладало од Карло Годони, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2006
- Ана – Стари времиња од Харолд Пинтер, ФДУ, дипломски испит, 2006
- Бланш - Трамвајот наречен желба од Тенеси Вилијамс, театарски фестивал „Ристо Шишков“ – Струмица, 2005
- Клитемнестра – Орестиа од Асхил, МОТ, Скопје, 2005
- Ана – Златко легна и не сака да стане, ФДУ – Скопје, 2004
- Нина – Галебот од Чехов, ФДУ – Скопје, 2004
Филмски и ТВ улоги:
- Џеновева – Ех ... пусто турско, р. Коле Ангеловски, 2006;
- Самовилата - Македонски народни приказни, р. Миле Грозданоски, 2010;
- Софија - Жици, р. Кирил Каракаш, 2014;
- Жената - Избор, р. Марко Црногорски, 2024.
Надворешни врски
уреди- Трајанка Илиева на Семрежната филмска база на податоци (англиски)