Бајруш Мјаку (албански: Bajrush Mjaku; род. во Качаник, 12 јануари 1952) — македонски глумец и режисер од албанска народност.[1]

Бајруш Мјаку
Роден 12 јануари 1952(1952-01-12)(72 г.)
Качаник, НАП Косово, НР Србија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Албанец
Познат по улогите во:
Трст виа Скопје
Бог да ги убие шпионите
Самоуништување
Вујко Вања
Илузија
Занимање глумец и режисер

Животопис

уреди

Мјаку е роден во Качаник во 1952 година. Во средината на шеесеттите, тој дошол во Скопје и тука завршил гимназија во „Зеф Љуш Марку“. Уште како средношколец почнал да статира и да игра некои улоги во тогашната Албанска драма, при Малцинскиот театар. Во Приштина студирал драмска уметност при Вишата педагошка школа. Професионален глумец станал од 1973 година. Во 2014 година, тој бил добитник на Наградата „Ристо Шишков“ за најдобар глумец.[2] Во 2019 година, Мјаку ја добич Наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“. Во 2023 година, тој добил Орден за заслуги за Република Македонија.[3][4]

Филмографија

уреди
Година Филм Улога
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1978 Рропулари ТВ-филм
1980 Учителот ТВ-филм
1986 Солунски патрдии ТВ-серија
1987-1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Гани
1988 Љубов цвеќиња ТВ-филм
1990 Миџени ТВ-филм
1991 Кула ТВ-филм Сејмени
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-серија Мемла Беј
1993 Светло сиво ТВ-филм Божидар
1996 Самоуништување ТВ-филм Шеф на кафана
1997 Вујко Вања ТВ-филм Михаил
2001 Одмазда ТВ-филм Агим ага
2002 Наше маало ТВ-серија
2004 Илузија ТВ-филм
2006 Анатема ТВ-филм Стојан
2007 Блодсбенд ТВ-филм Вулкан
2009 Гранични магариња ТВ-филм
2010 Чирачи ТВ-филм
2012 Агнус деи ТВ-филм Татко на Стојан
2016 Тутунарот ТВ-филм Гани
2019 Господ постои, името и е Петрунија ТВ-филм Обвинителот
2021 Јули ТВ-филм Хасан
2022 Скриени ТВ-филм Таткото на Нора
2023 Софија ТВ-филм Дедото
2023 Кома ТВ-филм
2025 Последен излез ТВ-филм

Наводи

уреди
  1. 40 ГОДИНИ НА СЦЕНА: АКТЕРОТ СИ Е АКТЕР ... ИЛИ САМО БАЈРУШ МЈАКУ - ДР СТОКМАН ВО НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ[мртва врска]
  2. Бајруш Мјаку е лауреат на 22 издание на фестивалот „Ристо Шишков". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-09-13.
  3. „Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски одликувани со Орден за заслуги — Медал за заслуги за шоуто "К-15", повелба на Македонија за Албански театар“. 26.12.2023. Посетено на 27 декември 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Бајруш Мјаку: Нашите театри се со бразни џепови, затоа имаме главно камерни претстави“. 26.12.2023. Посетено на 13 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди