Мустафа Јашар (р. 19 август 1946 во Куманово - 1 април 2024 во Скопје[1]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Целиот свој работен век го минува во Турски театар - Скопје.

Мустафа Јашар
Роден 19 август 1946
Куманово, Македонија Македонија
Починал 1 април 2024(2024-04-01) (возр. 77)
Скопје
Националност Македонски Турчин
Познат по улогите во:
Бог да ги убие шпионите
Збогум Румелија
Среќна нова '49
Трето полувреме
Долина на Волците
Трговецот од Солун
Балканска свадба
Занимање глумец

Животопис уреди

Роден е на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работи како глумец во НУ Турски театар - Скопје. Учествувал во многу филмски и телевизиски проекти и одиграл повеќе од 100 улоги во Турскиот театар.

Претставите како "Алиш" 1974, "Дервиш и смрт" 1976, "Лудата Емине" 1984, "Јунус Емре" 1991, "Хамлет" 1995, "Азизнаме" 2005, "Куќа на граници" се само неколку од неговите познати изиграни улоги.

Филмографија уреди

Јашар има остварено бројни филмски улоги:[2]

Година Филм Улога
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1980 Време, води ТВ-филм Вељан
1981 Црвениот коњ ТВ-филм Црниот
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Јужна патека ТВ-филм
1983 Записник ТВ-филм
1983 Премиера ТВ-филм
1984 Комедијанти ТВ-серија Ромео
1984 Опасен траг ТВ-филм
1984 Белото циганче ТВ-серија
1985 На наш начин ТВ-филм
1985 Јазол ТВ-филм
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1986 Среќна нова '49 ТВ-филм
1986 Климент Охридски ТВ-филм
1988 Марка ТВ-филм
1989 Мугра ТВ-филм
1990 Северна грешка ТВ-филм Раиф
1991 Тетовирање ТВ-филм
1992 Тврдокорни ТВ-серија
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Писарот
1993 Македонска сага ТВ-филм Лјафит
1994 Прекалени ТВ-серија Џузбашијата
1997 Џипси меџик ТВ-филм
2000 Глас ТВ-филм
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2001 Прашина ТВ-филм
2002 Наше маало ТВ-серија
2002 Вампирџија ТВ-филм Ѓузбашијата
2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија Поп Секула
2005 Контакт ТВ-филм Сопсвеникот
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Дуко
2007 Мултиплеј ТВ-филм Мустафа
2007 Сенки ТВ-филм Трајче
2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија Бајтар
2009-2010 Балканска свадба ТВ-серија Али
2010 Ајде да одиме ТВ-филм Вања
2011 Долина на Волците-Палистан ТВ-филм Ави
2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија Нијази
2012 Трето полувреме ТВ-филм Имам
2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Ехојан
2014 Обединети срца ТВ-филм Мехмет
2015-2016 Големото прогонство во Кавкасија ТВ-филм Рустем Демир
2015 Лимоната ТВ-филм
2020 Горчлива цреша ТВ-филм
2022-2023 Балканска приказна ТВ-серија Стариот

Награди уреди

  • Награда за најдобра машка улога за улогата на "Креот" во "Антигона" на "Античка Драма Стоби Велес" 2003
  • Награда за епизодна улога "Димче Трајковски" 2005
  • Награда за животно дело "Војдан Чернодрински" 2014
  • Награда "Јуџел" 2020

Наводи уреди

  1. „Почина Мустафа Јашар, актер на Турскиот театар“. ТВ Телма. Посетено на 1 април 2024.
  2. „Mustafa Jasar“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.