Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
Билјана Драгиќевиќ-Пројковска (родена на 11 април 1975 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професорот Владимир Милчин.
Билјана Драгиќевиќ-Пројковска | ||
Родена | Биљана Драгиќевиќ 11 април 1975 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Позната | по улогата во: Сашка и Сашко Мајки Пет плус | |
Занимање | глумица | |
Сопружник | Дејан Пројковски |
Во 1998 година се вработила како глумец во Драмски театар - Скопје. Остварила бројни главни и споредни улоги во претстави во Драмскиот театар, но и во други театарски установи и тоа не само како глумец, туку и како режисер, кастинг директор и проект менаџер. Покрај театарските улоги остварува и филмски и телевизиски улоги.
Театарски претстави
уреди- Управителката на домот - Грев или шприцер, од Сашко Насев, р. Деан Дамјановски, ДТС 2011
- Жената како воено поле, од Матеј Винсиек, р. Владлен Александров, ДТС, 2008
- Ангелот на апокалипсата – Каменот на мудроста, од Југослав Петровски, р. Југослав Петровски
- Ингрид – Питачка опера, од Вацлав Хавел, р. Горан Тренчевски
- Шехерезада - Вазна од порцелан, од Југослав Петрески
- Милка – Сончогледи, од Валентин Катаев, р. Коле Ангеловски
- Петриа – Чорбаџи Теодос, од Васил Иљоски, р. Горан Стојановски
- Ана Попова – Мечката, од А. П. Чехов, р. Синиша Ефтимов
- Сара – Заводникот од западниот свет, р. Коле Ангеловски
- Нина Заречна – Галебот, од А. П. Чехов, р. Стојан Стојановски
- Слугинката – Бркотница, од Огнен Георгиевски, р. Дритро Касапи
- Гласот на народот – Ојдипус Тиранус, од Софокле, р. Зоја Бузалковска
- Јицуко – Три есенски приказни, од Yokio Mishima, р. Владимир Милчин
- Меги – Музеј од приказни, од Жанина Мирчевска, р. Дритро Касапи
- Смит – Петар Пан, детска претстава, р. Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ
- Сара - The Lover, група автори, р. Зоја Бузалковска
- Сенката – Сенката, р. Искра Стојковска
- Гилдестерн – Хамлет, од Шекспир, р. Владо Цветановски
- Џокер – Бетмен засекогаш, детска претстава, р. Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ
- Ана – Поблиску, од Патрик Марбер, р. Слободан Унковски
- Марија Јегоровна – Платонов, од А. П. Чехов, р. Димитар Станковски
- Сестрата – Роберто Зуко, од Bernard Mari Coltes, р. Дритро Касапи
- Рајка – Земјомер, од Николај Кољада, р. Владимир Милчин
- Јури – Кандид во земјата на чудата, од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски
- Вера – Диво месо, од Горан Стефановски, р. Александар Поповски
- Клаудија Рогов – Тетовирани души, од Горан Стефановски, р. Сашо Миленковски
- Таа – Епсеранца, од Жанина Мирчевска, р. Александар Чамински
- Наташа – Падот на невиноста, од Василиј Сигарев, р. Дејан Пројковски
- Рајна – Лет во место, од Горан Стефановски, р. Љупчо Георгиевски
- Ангустиа – Домот на Бернарда Алба, од Ф. Г. Лорка, р. Горчин Стојановиќ
- Баукида – Тито, од Слободан Шнајдер, р. Дејан Пројковски, Мартин Кочовски, Деан Дамјановски, Бранко Брезовац
- Виола – Супернова, од Златко Славенски, според Лори Андерсон, р. Златко Славенски
Филмски и ТВ улоги
уредиДрагиќевиќ-Пројковска ги остварила филмските улоги:[1]
- Денес, утре, ТВ филм, 1998
- Селанката – детско ТВ емисија Волшебниот свирач, 1999
- Мајката – Вета, краток филм, режија Теона Митевска, Берлински филмски фестивал 2001
- Фатима – Сликар, краток филм, режија Александар Станковски, 2000
- Џипче и Летка – Волшебното тркало, детска ТВ емисија, режија Ристо Самарџиев, СИТЕЛ ТВ, 2000
- Сашка – Сашка и Сашко, ТВ проект, режија Драган Вељановски, МРТВ, 2005
- Самитот на Шаманите, ТВ филм, режија Александар Станковски, 2006
- Касиерка — Досие-К, ТВ филм, режија Драган Вељановски, 2007
- Мајки, ТВ-филм, режија Милчо Манчевски, 2010.
- Бистра вода, ТВ серија, режија Јани Бојаџи, 2010
- Динка — Ова не е американски филм, ТВ филм, 2011
- Бардо, ТВ филм, 2012
- Сестрата — Последниот Македонец, ТВ филм режија Илија Пиперкоски, 2015
- Жената — Лазар, ТВ филм режија Светозар Ристовски, 2015
- Петко – 5+ фамилија, детски ТВ проект, ТЕЛМА ТВ, 2014-2020
- Преспав, ТВ серија, 2020
- Сестри ТВ филм, 2021.
- Прогестерор(н), ТВ филм, 2022.
- Тајниот изум, ТВ филм 2022.
Проекти
уреди- 2001, трет Асистент во филмот „Како лош сон“ од Антонио Митриќески
- 2001/2002, Кастинг директор на ТВ серијата „Наше маало“
- 2002, трет Асистент на ТВ филмот „Шимански“, германска продукциска куќа
Режисерски ангажмани
уреди- 1997, Дестка претстава „Петар Пан“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар
- 1998, Детска претстава „Снежана и седумте џуџиња“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар
- 1999, Детска претстава „Бетмен засекогаш“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар
- 1999, Детска претстава „Астеркис и Обеликс“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар
- 2000, Краток документарен филм, „Многу одамна си беше еден крал“, режија и монтажа: Билјана Драгичевиќ. Дел од проектот „Уметност за социјални промени“, финансирано од Европска Културна Фондација.
- 2000, Детска претстава „Биле баксуз“, режија Билјана Драгичевиќ и Дејан Лилиќ, Детски Креативен Центар,
Награди
уреди- 1999 Награда за најдобар глумец од списанието „Вечер“
- 2001 награда за најдобар глумец за 2000 година за претставата „Поблиску“ – Златна Бубамара на популарност
- 2023 награда за најдобра женска улога на фестивалот на дуодрама "Бранко Ѓорчев" за улогата во претставата "За нас почнува живот" во режија на Дејан Пројковски.
Наводи
уреди- ↑ „Biljana Dragicevic-Projkovska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.