Александра Павлова
Александра Павлова (р. 9 април 1987 во Скопје) — македонска глумица, која моментно работи во Драмски театар - Скопје.
Александра Павлова | ||
![]() | ||
Роден | 9 април 1987 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | глумица |
ОбразованиеУреди
Основното и средното образование ги завршила во својот роден град, Скопје, додека за високото образование Павлова се преселила во Болоња, Италија, каде што студирала на драмскиот факултет на државниот Универзитет. Магистрирала во 2011 година во класата на науки за уметнички претстави (театар, филм и музика). Како стипендист на програмата Overseas, учебната 2009/10 година од своите постдипломски студии, ја поминала во САД, на Висконскиот универзитет во Медисон, на одделот за филм и мултимедијална продукција.[1]
КариераУреди
По своето враќање во Македонија, Павлова е вработена во Драмскиот театар и досега има играно во претставите: Македонска крвава свадба, Архелаос или Еврипис се враќа на Балканот, Солунски Патрдии, Кавкаски круг со креда и други.
НаводиУреди
- ↑ Ристевски, Никола (13 септември 2015). „Иднината на Македонија е во наши раце (интервју со Александра Павлова)“. Скопје: ЛОЗА. Архивирано од изворникот на 2016-03-17. Посетено на 29 февруари 2016.