Александар Малинков

Александар Малинков (р. 25 јануари 1963, Кавадарци) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер. Во 1985 година Дипломира на Факултет за Драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин. Од 1985 година е вработен во Театарот при Дом на Културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци како глумец и режисер.

Александар Малинков
Роден 25 јануари 1963(1963-01-25)(61 г.)
Кавадарци, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Каца
Македонски народни приказни
Занимање глумец

Филмографија

уреди
Година Филм Улога
1989 Кога меракот пее ТВ-серија Орданчо
1992 Македонски народни приказни ТВ-серија Селанец 2
1993 Еурека ТВ-серија
1999 Каца ТВ-филм Миле
2000 Македонски народни приказни 2 ТВ-серија Меанџија
2012 Душан ТВ-филм Душан
2013 Тиквешко востание ТВ-серија
2014 Женски итроштини ТВ-филм
2019 Лакардиите на Паја ТВ-серија Златко

Сеќавање на Петре Тодоровски

уреди

На 20-годишнината од убиството на Петре Тодоровски, Градските гробишта во алеата на жртвите паднати 1991 година било организирано сеќавање на младиот војник. На овој настан како нивен семеен пријател, Александар Малинков ја прочитал песната „За навек – за оној кој го нема“ од книгата „Мојот блуз” од братот на Петре, Марјан Тодоровски.[1]

Наводи

уреди
  1. Уневски (28 јули 2011). „20 години од загинувањето на Петре Тодоровски“. kavadar4e.com.

Надворешни врски

уреди