Крсте Јовановски (р. 13 март 1960 во Велес) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 1984 година, тој завршил на Факултет за драмски уметности, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски, и истата година се вработува во струмичкиот театар. Од 2012 година, тој работел во Театар Комедија, сè до неговото пензионирање во 2024 година.

Крсте Јовановски
Роден 13 март 1960(1960-03-13)(64 г.)
Велес, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогите во:
Ах, љубов моја
Македонски народни приказни
Тврдокорни
Година на мајмунот
Прашина
Занимање глумец

Филмографија

уреди

Јовановски има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1984 Белото циганче ТВ-серија
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1985 Од зад грб ТВ-филм
1986 Климент Охридски ТВ-филм
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм
1995 Адска машина ТВ-филм Спиридон
1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм
2001 Прашина ТВ-филм
2002 Вампирџија ТВ-филм Василие
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм
2007 Сенки ТВ-филм
2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија
2014 Ладно е надвор ТВ-филм Димо
2014 Приказни од животот ТВ-серија Зоран
2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2015 Последниот Македонец ТВ-филм Ген. Атаначковиќ
2015 Цимери ТВ-серија
2017 Ах, љубов моја ТВ-серија Директор на хотелот
2018 Година на мајмунот ТВ-филм Комшија 2
2020-2023 Македонски народни приказни ТВ-серија
2022 Ручек ТВ-филм
2022 Тале и Корона ТВ-филм Дедо
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија

Наводи

уреди
  1. „Krste Jovanovski“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.