Ристо Давчевски
Ристо Давчевски (1935-2009) бил македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор, писател за деца.
Животопис
уредиРисто Давчевски е роден е во с. Долни Дисан, Неготинско на 6 март 1935 година. Основното училиште го завршил во родното место, а во Скопје завршил на Школата за применети уметности, по што студирал на Филозофскиот факултет. Работел како уредник на радио-театарот за деца во Македонското радио. Бил член на ДПМ од 1971 година. По тешко боледување, починал на 14 септември 2009 во Скопје.[1] [2]
Творештво
уредиАвтор е на книгите:
- Дождовни капки (поезија за деца, 1964)
- Далечна прошетка (раскази за деца, 1965)
- Дремко и Спанко (едночинки, 1970)
- Бескрајна приказна (раскази, 1972)
- Мустаќите на генералот Рококајко (комедија, 1972)
- Сказна за притвореното чудовиште (повест, 1973)
- Граѓаните од Јадиград (приказни, 1980)
- Поход на сончогледите (едночинки, 1985)
- Важно е другите што ќе речат (басни, 1985)
- Собир на враните (басни, 1988)
- Волшебна сликовница (сказна, 1989)
- Изедени прогнози (поезија, 1990)
- Раните на љубовта (роман, 1991)
- Која е добрата мајка (роман, 1992)
- Внукот на Итар Пејо (роман, 1993)
- Старецот со дамкаво лице (роман, 1994), Дворец на опачини (драмска трилогија, 1995)
- Мачори на панаѓур (радиодрами, 1995)
- Весела сцена (едночинки, 1995)
- Сонети за мама (поезија, 1996)
- Авантурите на дедо Мраз (сказна, 1997)
- Принцот Кристијан (роман, 1998)
- Маршот на зелените (роман, 2000)
- посмртно остави огромен опус необјавени басни: 30 книги со 3000 басни, распоредени во 10 тома. Првите три тома се публикувани Беседа на фауните (триесетлогија басни во 10 тома) (2011, 2014, 2020)
Наводи
уреди- ↑ Почина писателот Ристо Давчевски
- ↑ Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984, стр. 22.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |