Јани Бојаџи (р. 18 јули 1970 во Струмица) — македонски режисер, продуцент и сценарист. Од 2019 година, е директор на Телевизија Алфа.

Јани Бојаџи
Роден 18 јули 1970
Струмица, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Познат по режија на:
Ругање со Христос
Вистинска љубов
Болка на душата
Занимање режисер, сценарист

Бојаџи, својата кариера како режисер ја започнува во Народниот театар „Антон Панов“ - Струмица. Одреден период, бил вработен во Драмски театар - Скопје како режисер. Има режирано претстави и во театрите низ Македонија, во Народен театар - Штип, Театар Куманово, Велешкиот театар и други театарски куќи.

Во 2013 година, тој се вработил во Канал 5, каде бил режисер, сценарист и извршен продуцент на серијалот Македонски народни приказни и играни и документарни филмови, и таму работел до 2017 година.

Тој е режисер и нашишал сценарио на филмовите: Ругање со Христос, Вистинска љубов, Кино „Љубов“ и телевизиски серии: Бистра вода, Болка на душата и Утре Наутро

Од 2020 година, е редовен професор за филм и телевизија на Универзитетот Еуропа Прима.

Во март 2023 година, Бојаџи бил основач на платформата „Кинемое" која е наменета за македонска продукција за филмови и серии.

Тој е директор на Фестивалот „Преку езерото“, кој се одржува еднаш годишно во Дојран од 2023 година.

Во јануари 2025 година, во Кинотека на Македонија ја промовира неговата книга "Гледна точка". [1]

Бојаџи, има напишано повеќе од 50 колумни за весникот „Нова Македонија“, за театар и филм.

Филмографија

уреди

Бојаџи ги режирал следните филмови:[2]

Година Филм Канал
2010 Крајот на светот ТВ-филм Наша ТВ
2010 Пилот ТВ-филм МРТ 1
2013-2017 Македонски приказни ТВ-серија Канал 5
2014 Последниот македонски пророк Документарен филм МРТ 1
2014 Среќна Нова 1903 ТВ-филм Канал 5
2015 Бела ноќ ТВ-филм Канал 5
2016 Вистинска љубов ТВ-филм Канал 5
2016 Болка на душата ТВ-серија Канал 5
2018 Ругање со Христос ТВ-филм Алфа ТВ
2022 Кино „Љубов“ ТВ-филм Кинемое
2023 Бистра вода ТВ-серија Алфа ТВ
2025 Утре Наутро ТВ-серија Алфа ТВ

Наводи

уреди
  1. „Промоција на книга "Гледна точка" на Јани Бојаџи“. Посетено на 19 јануари 2024.
  2. „Jani Bojadzi“. IMDb. Посетено на 4 февруари 2023.

Надворешни врски

уреди