Димитар Зози (роден на 1952 во Битола - починал на 26 септември 2010 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец[1].

Димитар Зози
Роден 1952
Битола, НР Македонија, ФНРЈ
Починал 26 септември 2010(2010-09-26) (возр. 57–58)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Македонски дел од пеколот
Смилевскиот конгрес
Тајната книга
Занимање глумец

Животопис

уреди

Во 1976 година Димитар Зози ја завршил Високата музичка школа на отсек за драмски глумци во класата на проф. Илија Џувалековски и во 1977 година се вработил во Драмски театар во Скопје, каде на самиот почеток се пројавува во остварувања наменети за деца, толкувајќи во неколку од нив главни улоги. Меѓу најдобрите негови остварувања била улогата во монодрамата „Дневникот на лудиот“ и за својата креативност тој бил награден со Републичката награда на аматерските драмски смотри[2]. Починал во Скопје на 26 септември 2010 година[2].

Филмографија

уреди
Филмографија на глумецот Димитар Зози
Год. Назив Улога
1970-ти
1971 Македонски дел од пеколот ТВ филм /
1973 Смилевскиот конгрес ТВ филм /
1975 Јад ТВ филм /
1977 Итар Пејо ТВ серија /
1977 Големата соба ТВ филм /
1977 Сослушувањето на железничарот ТВ филм Предавникот
1977 Пресуда ТВ филм /
1979 Наши години ТВ серија Гиге
1980-ти
1980 Учителот ТВ филм /
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1983 Виновник Краток филм /
1984 Кратка средба ТВ филм /
1985 На наш начин ТВ серија /
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1985 Трговецот од Солун ТВ филм /
1990-ти
1990 Северна грешка ТВ филм Трајко
1990-1991 ДО РЕ МИ ТВ серија Комшијата
1994-1995 Бумбари ТВ-серија
1997 Калигула ТВ филм /
2000-ти
2000 Големи и мали ТВ серија Сосед
2002 Вампирџија ТВ-филм Џузбашија 2
2006 Тајната книга ТВ филм Гуардиан
2010-ти
2011 Панкот не е мртов ТВ-филм Клисарот

Наводи

уреди
  1. „Зози, Димитар“. МИФЦ. Посетено на 2010-09-29.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Димитар Зози“. Утрински Весник. 28 септември 2010. Посетено на 2010-09-29.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди