Драгана Левенска

македонска глумица

Драгана Левенска (Скопје, 3 јули 1985) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Драгана Левенска
Родена 3 јули 1985(1985-07-03)(39 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање глумица

Животопис

уреди

Драгана Левенска е родена на 3 јули 1985 година во Скопје. Дипломирала во Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот Глумечка игра во 2014 година, а од истата година, таа се вработила во Македонскиот народен театар.[1]

Театрографија

уреди
  • Учителката по англиски јазик — „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2009;
  • Евушка — „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, Драмски театар - Скопје, 2012;
  • „Вртелешка“ од Артур Шницлер, р. Иван Манасковски, Драмски театар - Скопје, 2013;
  • Mејбл — „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, р. Ирена Стеријовска, Театар Фабрика - Скопје, 2013;
  • Хор — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • Госпоѓа Ортанз — „Женски оркестар“ од Жан Ануј, р. Ѓорѓи Ризески, Драмски театар - Скопје, 2014;
  • Лина — „Многу вревеа за ништо“ од Вилијам Шекспир, р. Дејан Пројковски, Театар Комедија - Скопје, 2014;
  • Стујардеса и жената — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015;
  • Зинка — „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман, р. Александар Морфов, МНТ, 2015;
  • „Жени од подземјето“ од Станислав Лем, р. Андреј Цветановски, Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ - Велес, 2016;
  • Слугинката — „Соларис“ од Станислав Лем, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2016;
  • Робинката од прстенот, Леонора — „Авантурите на Аладин“, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2017.

Филмографија

уреди
  • Ева — „Искушените“, р. Василка Аврамовска, кратокометражен филм;
  • „Намини бар еднаш“, р. Косара Матиќ, кратокометражен филм, 2013;
  • Смртта — „Триумф“, р. Александар Андоновски, кратокометражен филм, 2013;
  • Марија — „Мал дисконтинуитет во времепросторот“, р. Гоце Цветановски, 2014;
  • Виолета — „Лавиринт, кратокометражен филм“, р. Ана Јакимска, Бранко Костески, 2014;
  • Ленче — „Медена ноќ“, р. Иво Трајков, 2015;
  • Првата девојката — „Човекот кој не сакаше да умре“, р. Гоце Цветановски, кратокометражен анимиран филм, 2015;
  • „Човекот кој не беше таму“, р. Гоце Цветановски, кратокометражен филм, 2017;
  • Анастасија — "Преспав", р. Игор Иванов-Изи, телевизиска серија, 2021;
  • Наставничката Мери — "Тин Камп", р. Марко Ѓоковиќ, телевизиска серија, 2022;
  • Другарката — "Божиќна елка", р. Мето Јовановски, краткометражен филм, 2023.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди