Александар Степанулески

Александар Степанулески (р. 2 август 1987 во Прилеп) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 2010 година, Степанулески дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра. Во 2013 година, тој се вработил во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде останал до 2014 година, кога преминал во Драмски театар — Скопје.

Александар Степанулески
Роден 2 август 1987(1987-08-02)(37 г.)
Прилеп, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогите во:
Македонски народни приказни
Година на мајмунот
Преспав
Три во едно
Занимање глумец

Филмографија

уреди

Степанулески ги остварил филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
2008-2010 Народни приказни ТВ-серија
2011 Трето па машко ТВ-серија Шумахер
2011 Ова не е американски филм ТВ-филм Доктор 2
2012 Блисс ТВ-филм
2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија Даме Груев
2015 Три во едно ТВ-филм
2015 Последниот Македонец ТВ-филм Христо Чернопеев
2016-2019 Преспав ТВ-серија Режисерот
2017-2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Љубе
2018 Година на мајмунот ТВ-филм Возачот
2019 Вера ТВ-филм Болничарот
2020 ТМ ТВ-филм
2023 Домаќинство за почетници ТВ-филм Никослав

Награди

уреди
  • Награда за најдобар млад актер „Трајко Чоревски“ за улогата на Калигула во претставата „Калигула“ во продукција на НУ Прилепски театар, доделена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2012
  • Награда за главна машка улога, за улогата на Јон во претставата „Пиреј“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2019
  • Награда за најдобар глумец во претставата „Кафез кај кокони“ во продукција на Драмски театар - Скопје на Фестивалот „Денови на Комедија“, Куманово, 2023

Надворешни врски

уреди


Наводи

уреди
  1. „Aleksandar Stepanuleski“. IMDb. Посетено на 29 јануари 2023.