Љупчо Тозија (роден во 1947 - Скопје, 9 јануари 2018) ― македонски режисер, директор на Македонската радио-телевизија и амбасадор во Италија.

Љупчо Тозија
Роден 1947
Починал 9 јануари 2018(2018-01-09) (возр. 70–71)
Скопје, Македонија
Занимање режисер и амбасадор
Сопружник Сабина Ајрула-Тозија
Деца Вардан Тозија (син)

Животопис

уреди

Тозија е роден во 1947 година. По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, тој речиси целиот професионален ангажман го поминал во Македонската радио-телевизија, сè до 2005 кога бил поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Италија. Бил автор, режисер, уредник на редакции до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови. Режисерското деби го имал во 1973 година во Драмскиот театар - Скопје со претставата „Хамлет од Долно Гаштани“. Негов брат е Горјан Тозија, познат филмски продуцент. Негова сопруга била Сабина Ајрула, познатата македонска глумица од турска народност, со кого го имаат синот Вардан, кој исто така е режисер. Починал во Скопје на 9 јануари 2018 година.[1]

Наводи

уреди