Душан Ковачевиќ
Душан Ковачевиќ (Мрѓеновац кај Шабац, 12 јули 1948) е српски академик, драмски писател, сценарист и театарски работник. Гимназија завршил во Нови Сад 1968. година. Академија за театар, филм, радио и телевизија студирал во Белград, дипломирал на отсек за Драматургија 1973. година.
Душан Ковачевиќ | |
---|---|
Душан Ковачевиќ на Белградски Саем на книга, 22 октомври 2007. | |
Роден(а) | 12 јули 1948 Мрѓеновац, ФНР Југославија (денес Србија) |
Занимање | сценарист и театарски режисер |
Работа и дела
уредиДушан Ковачевиќ е автор на голем број драмски дела со комична содржина во кои е застапена и гротеската, односно присуство на смешно и крајно сериозно, убаво и грдо, стилизирано и недоквакано, традиционално и малограѓанско. Таквата слика на општествената стварност и актуелниот живот станува не само препознатлива туку и потполна и комплексна. Во неговите остварувања се бришат оштрите жанровски разлики и доаѓа до преплетување на комедија на карактер, комедија на табиет, фарса и драма во потесна смисла, впрочем како што е испреплетен и самиот живот. Често, као драмски писател, се споредува со Бранислав Нушиќ.
Најпознати негови остварувања се:
- Маратонците го трчаат почесниот круг (1972),
- Радован III (1973),
- Пролет во јануари (1977),
- Свемирски змеј (1977),
- Луминација на село (1978),
- Кој тоа таму пее (1980),
- Собирен центар (1982),
- Балкански шпион (1983),
- Свети Ѓорѓи ја убива аждајата (1984),
- Клаустрофобична комедија (1987),
- Професионалец (1990),
- Урнебесна трагедија (1991),
- Лари Томпсон, трагедија на една младост (1996),
- Контејнер со пет ѕвездички (1999),
- Доктор Шустер (2000),
- 20 српски поделби (на Србите на Срби) (2008),
- Генерална проба на самоубиство (2010),
- Живот во тесни чевли (2011),
- Реинкарнација (2011).
Го напишал сценариото за филмот на Емир Кустурица, Подземје.
Теми
уредиВо сите овие дела Душан Ковачевиќ ги дава сите аспекти од секојдневниот живот, обојувајќи го од време на време и со алузии на политика и сè што таа носи со себе. Дејствието во неговите дела опфаќа обично повеќе нивоа на општествениот живот, разни занимања и идеолошки определувања во времето кое ни е блиско и по содржините многу препознатливо.
Ја објавил книгата „Век, календар за годините кои поминале“ (1998). Живее и работи како професионален писател во Белград.
Награди
уреди- „Награда Радоје Домановиќ“ за целокупен придонес за српската книжевна сатира
- „Награда Зоран Радмиловиќ“ за животно дело, 2012. во Зајечар[1]