Википедија:Викиекспедиции 2017

ВикиПроект
„Викиекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2017 година биле организирани пет викиекспедиции, со кои биле опфатени следните области:

  1. Козјачија и Средорек — еднодневна експедиција;
  2. Бојмија — дводневна експедиција;
  3. Порече — тридневна експедиција;
  4. Река — дводневна експедиција; и
  5. Општина Кавадарци — дводневна експедиција.

Прва експедиција

уреди

Козјачија и Средорек

уреди
 
Подрачја во Општина Старо Нагоричане покриени со експедицијата

На 18 март, нашите членови Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Petrovskyz, M.pvsk и Нино Богдановски се упатиле кон Козјачија и Средорек, области сместени во Општина Старо Нагоричане.

Бидејќи областите се карактеристизираат со раштркани села со многу маала, уште од самото исклучување од регионалниот пат Куманово-Крива Паланка, кај Младо Нагоричане, приклучивме ГПС-апликации, со кои после тоа ќе одредиме која фотографија на кое место била фотографирана со цел поточно одредување на маалата и кое маало на кое село припаѓа.

Како и обично, за сите експедиции, тргнуваме веќе спремни со сите можни податоци кои можат да се изнајдат за таа област и што вреди таму да се посети. Воедно, искуството досега секогаш ни вели дека е најпаметно да се тргне со најоддалечените села во областа, а подоцна да се спушташ кон низинските подостапните села. Така и овој пат, најпрвин се упативме преку Драгоманце и Жегљане кон Длабочица. Сепак, поради земјениот пат, завршивме само до селото Арбанашко, село на неколку километри од познатото Кокино со неговата опсерваторија, каде откривме недоизградена црква, која по сите податоци сме сигурни дека е „Св. Спас“, започната во 1938 година, но недоизградена поради војната. Во близина на црквата се наоѓаат и самото подрачно училиште, како и голем споменик од НОБ.

Иако, Кокино веќе еднаш го имавме фотографирано во текот на нашето целоноќно патешествие на астроекспедицијата во 2015 г., направивме подобри фотографии од самото село, како и на целата област Козјачија.

Подоцна се спуштивме до некогашниот парохиски центар, селото Жегљане, за кое потрошивме време да сфатиме како да му пристапиме, иако го гледавме селото од далеку. За среќа што бевме со џип, па се снајдовме по земјениот пат надолу. Некако со помош и разговор на малкуте мештани, дојдовме до селската црква и поранешното училиште. Заклучивме сите дека црквата е во исклучително лоша состојба.

Продолживме кон Драгоманце, при што панорамски ги фотографиравме селата Карловце, Степанце, Врачевце и Пузајка. Во Драгоманце, се наоѓа самото централно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“. Според Гугл и според изворите, во селото постои црквата „Св. Јован“, но иако ги следевме сите насоки, наидовме само на празна полјана на местото на кое требаше да има црква, па поради тоа се откажавме.

Од Драгоманце, продолживме кон север, во насока на селата Пелинце и Челопек. Се движевме по најкатастрофалниот регионален пат во Македонија, пат оставен во мизерни услови, иако води кон меѓународен граничен премин и до еден од најважните музеи на македонската држава, Музејот за АСНОМ со реплика на собата од првото заседание.

Го посетивме самиот музеј, кој и самиот се наоѓа во лоша состојба, особено неговото опкружување, со запалени дрвја, сеча на паркот околу, несреден двор. Подоцна, се упативме кон маалото Златанци, каде се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“ на селото Пелинце.

Во Челопек, повторно имавме лажна тревога, барајќи ја црквата. Иако на карта и по податоците, постоела црква „Св. Троица“ во маалото Вишинци, мештаните на тоа маало ни укажаа дека таму нема таква црква и дека има само остатоци од црква во соседното маало.

Продолживме кон Забелски манастир, атар на Никуљане, овој пат по нов асфалтиран пат, но сепак пристапот до манастирот е земјен пат, поради што имавме вистинска авантура.

Кон крајот на денот, ги посетивме двете најголеми села, Старо и Младо Нагоричане (или Нагоричино), каде има значајни културни и природни споменици, како црквите „Св. Ѓорѓи“ (многу слична на манастирската црква во Матејче), како и двете цркви во близина на Костоперската Карпа, природна реткост покрај самиот регионален пат.

За крајот на денот, целта ни беше да се обидеме да го најдеме Карпинскиот манастир, атар на Орах, но сепак поради каллив пат, се откажавме и можеби во некоја идна прилика ќе се осудиме да го посетиме.

Експедицијата помина добро, со опфатени 12 села (или 13 села, ќе видиме по маалата).

Галерија
Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Арбанашко — село   Q2859624 значително подобрена статија
2. Црква „Вознесение Христово“ - Арбанашко — црква   Q29383295 нова статија
3. Кокино (наоѓалиште) — мегалитска опсерваторија   Q1326977 подобрена статија
4. Костоперска Карпа — археолошко наоѓалиште   Q20570399 подобрена статија
5. Кокино — село   Q3133746 подобрена статија
6. Козјачија — област   Q12907178 подобрена статија
7. Жегљане — село   Q3087557 значително подобрена статија
8. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Жегљане — црква   Q20497410 нова статија
9. Степанце — село   Q3133844 значително подобрена статија
10. Карловце — село   Q3133761 значително подобрена статија
11. Меморијален центар на АСНОМ — музеј   Q3395340 подобрена статија
12. Драгоманце — село   Q3038684 значително подобрена статија
13. ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Драгоманце — основно училиште   Q20568100 значително подобрена статија
14. Христијан Тодоровски-Карпош — народен херој   Q1289578 подобрена статија
15. Пелинце — село   Q3087575 значително подобрена статија
16. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пелинце — црква   Q29479797 нова статија
17. Забелски манастир — манастир   Q20499670 нова статија
18. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Никуљане — манастирска црква   Q29562357 нова статија
19. Врачевце — село   Q3133687 значително подобрена статија
20. Пузајка — село   Q3133973 значително подобрена статија
21. Малотино — село   Q3090914 значително подобрена статија
22. Челопек (Кумановско) — село   Q3133733 значително подобрена статија
23. Никуљане — село   Q3133744 значително подобрена статија
24. Пчиња (река) — река   Q522077 подобрена статија
25. Стрезовце — село   Q3133700 подобрена статија
26. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Старо Нагоричане — црква   Q1276468 подобрена статија
27. Кумановско-осоговска епархија — епархија   Q15709597 подобрена статија
28. Старо Нагоричане — село   Q2731411 значително подобрена статија
29. ОУ „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане — основно училиште   Q20568973 значително подобрена статија
30. ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Младо Нагоричане — основно училиште   Q12909119 значително подобрена статија
31. Младо Нагоричане — село   Q3133691 значително подобрена статија
32. Црква „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Младо Нагоричане — црква   Q29970609 нова статија
33. Црква „Св. Петка“ - Младо Нагоричане — црква   Q30021705 нова статија
34. ПУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Арбанашко — основно училиште   Q62554633 нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Втора експедиција

уреди

Бојмија

уреди
Прв ден

Викендот (22-23 април) пред закажаниот референдум во Општина Гевгелија против изградбата на рудниците со отворен коп за злато, нашите членови Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Petrovskyz, M.pvsk и Нино Богдановски се упатиле кон историско-географската област Бојмија, која денес се простира низ три општини во Македонија (Гевгелија, Богданци и Валандово) и низ неколку општини во северниот дел на Грција.

Се упативме кон Гевгелија уште во текот на 21 април (петок) со цел започнување на експедицијата наредниот ден порано и избегнување на патот до Гевгелија од Скопје во текот на истиот ден кога ни беше и предвидено посета на селата од Општина Гевгелија.

Како што започнавме од претходната експедиција, со започнувањето на експедицијата повторно ги приклучувме нашите ГПС-апликации (во случајов Страва) со цел следење низ селата, со што подоцна може да се одреди која фотографија на кое место била фотографирана.

Селата во Општина Гевгелија (вкупно 17), кои меѓусебно се многу оддалечени, а слабо поврзани со асфалтни патишта, ни наметнаа проблем и ни одземаа скоро цел ден во нивна посета. На крајот на денот сепак не успеавме да ги посетиме Богородица (кое е и на другата страна на Вардар), Мрзенци (каде веќе нè стемни) и Петрово и Габрово (до кои воопшто не ни појдовме).

За разлика од досегашните експедиции започнавме со фотографирање од најдолното село, односно започнавме со Моин, веднаш со самиот град, а подоцна се движевме кон Смрдлива Вода. Движејќи се по текот на Коњска Река, ги посетивме и селата Ново Конско и Конско, како и самото излетничко место Смрдлива Вода. Пред Конско се исклучивме од главниот пат и го посетивме мегленовлашкото село Ума, кое денес е целосно раселено и има живот само во летниот период. Дента кога го посетивме имаше многу луѓе заради планираниот планинарски марш, а во самата селска црква се спремаше грав за учесниците.

По враќањето во Гевгелија се упативме кон Негорци, кое се покажа како средиште за останатите, иако најпрвин мислевме дека од Кованец директно ќе стигнеме во Серменин, сепак се покажа дека бил изграден делумно асфалтиран пат од Негорци. Иако медиумите во 2014 година пренеле дека постои асфалтен пат до Серменин, сепак на терен има прекин и се вози по земјен пат околу 3 километри. Поради тоа, иако планирани селата Петрово и Габрово не беа посетени од наша страна.

Веќе кон крајот на денот се движевме кон Смоквица, од каде до Миравци возевме по новоизградениот автопат, при што Милетково го фотографиравме само панорамски. Првиот ден го завршивме во Давидово, а заслужениот ручек/вечера ни беше во селото Мрзенци.

Галерија од првиот ден
Втор ден

Бидејќи во Мрзенци стигнавме приквечерина, вториот ден го започнавме токму од таму. Целта ни беше фотографирање на главната селска црква изградена на самиот Мрзенски Рид, од каде се пружаше и добар поглед на самото село. Подоцна, продолживме со селото Богородица и селата од Општина Богданци. Најпрвин, го посетивме селото Стојаково, од каде се упативме кон Селемли, од каде поради поголема височинска разлика добивме прилика да ги фотографираме и двете села панорамски. Во Селемли изгубивме време додека го најдеме малото Селемлиско Езеро. Со сличен проблем се соочивме и во Ѓавато, каде не можевме да ја најдеме селската црква. Иако вообичаено не фотографираме градови на нашите експедиции, сепак самата можност за панорамска фотографија од Богданци, како и поминување низ него ни даде можност за негово опфаќање во нашата експедиција.

За да стигнеме до селата од Општина Валандово поминавме низ подрачјето на Општина Дојран. Прво фотографирано село од оваа општина беше Раброво, кое се наоѓа до самиот град Валандово. Подоцна се упативме кон блиските села Брајковци, Балинци и Марвинци, како и малку подалечното Грчиште, сместено на самиот лев брег на Вардар.

Кон крајот на денот и пат кон Скопје ги посетивме големите села Пирава, Јосифово (како и неговиот издвоен дел Калково), а на самиот крај на денот и Удово, каде што се искачивме и до самата костурница на српските војници.

Исход

Со поминати 600 километри во два дена, опфатени 26 села, 2 града и 1 излетничко место, експедицијата помина повеќе од одлично.

Галерија
Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Референдум во Општина Гевгелија (2017) — референдум   Q29642036 значително подобрена статија
2. Конска Река — река   Q30067838 нова статија
3. Моин — село   Q3135060 значително подобрена статија
4. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Моин — црква   Q30250464 нова статија
5. Љумница — село   Q2906105 подобрена статија
6. Втора гевгелиска парохија — црковна парохија   Q20556540 подобрена статија
7. Ново Конско — село   Q3135142 значително подобрена статија
8. Црква „Св. Димитриј“ - Ново Конско — црква   Q31320770 нова статија
9. Ума — село   Q3134992 значително подобрена статија
10. Црква „Св. Пантелејмон“ - Ума — црква   Q27588474 нова статија
11. Конско — село   Q3135049 значително подобрена статија
12. Црква „Св. Димитриј“ - Конско — црква   Q31448876 нова статија
13. Смрдлива Вода — туристичка месност   Q12910436 подобрена статија
14. Црква „Св. Илија“ - Смрдлива Вода — црква   Q31477504 нова статија
15. Кожуф — планина   Q2733631 подобрена статија
16. Негорци — село   Q3134979 значително подобрена статија
17. Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Негорци — црква   Q12911749 нова статија
18. Негорска парохија — црковна парохија   Q23000032 подобрена статија
19. Кованец — село   Q3135008 значително подобрена статија
20. Црква „Св. Димитриј“ - Кованец — црква   Q20498162 нова статија
21. Кованска Река — река   Q30086300 нова статија
22. ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци — основно училиште   Q20568914 подобрена статија
23. Серменин — село   Q3134998 значително подобрена статија
24. Смоквица — село   Q3135038 значително подобрена статија
25. Давидово — село   Q3019136 значително подобрена статија
26. Прдејци — село   Q3135016 значително подобрена статија
27. Црква „Св. Петка“ - Прдејци — црква   Q20499382 нова статија
28. Парк на ветерни електрани „Богданци“ — ветропарк   Q20569290 подобрена статија
29. Црква „Св. Димитриј“ - Смоквица — црква   Q20498337 нова статија
30. Црква „Св. Константин и Елена“ - Миравци — црква   Q12911853 значително подобрена статија
31. ЖС „Миравци“ — железничка станица   Q20569210 значително подобрена статија
32. Миравци — село   Q3084593 значително подобрена статија
33. Општина Миравци — општина   Q32824203 нова статија
34. Мрзенци — село   Q3134967 значително подобрена статија
35. Богородица (Гевгелиско) — село   Q2908719 значително подобрена статија
36. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Богородица — црква   Q15768250 значително подобрена статија
37. Стојаково — село   Q3135158 значително подобрена статија
38. Црква „Св. Недела“ - Стојаково — црква   Q15768150 значително подобрена статија
39. Стојаковска парохија — црковна парохија   Q12910753 подобрена статија
40. Црква „Св. Климент Охридски“ - Стојаково — црква   Q32859059 нова статија
41. Миравска парохија — црковна парохија   Q23000031 подобрена статија
42. Селемли — село   Q3135261 значително подобрена статија
43. Селемлиско Езеро — езеро   Q12906324 значително подобрена статија
44. Ѓавато (Гевгелиско) — село   Q3084573 значително подобрена статија
45. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ѓавато — црква   Q12911964 значително подобрена статија
46. Црква „Св. Атанасиј“ - Богданци — црква   Q12911760 подобрена статија
47. Богданска парохија — црковна парохија   Q12905266 подобрена статија
48. Раброво — село   Q3134936 значително подобрена статија
49. Црква „Св. Илија“ - Раброво — црква   Q33085910 нова статија
50. Валандовска парохија — црковна парохија   Q12905424 подобрена статија
51. Црква „Св. Димитриј“ - Валандово — црква   Q12911798 значително подобрена статија
52. Марвинци — село   Q3134959 значително подобрена статија
53. Црква „Св. Петка“ - Марвинци — црква   Q20499323 нова статија
54. Исар (Марвинци) — археолошко наоѓалиште   Q15622057 подобрена статија
55. Грчиште — село   Q3118151 значително подобрена статија
56. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Грчиште — црква   Q20499706 нова статија
57. Брајковци — село   Q2924172 значително подобрена статија
58. Балинци — село   Q2880910 значително подобрена статија
59. Црква „Св. Димитриј“ - Балинци — црква   Q2880910 подобрена статија
60. Пирава — село   Q3135030 значително подобрена статија
61. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пирава — црква   Q12911697 подобрена статија
62. Пиравска парохија — црковна парохија   Q23000030 подобрена статија
63. Јосифово — село   Q658727 значително подобрена статија
64. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Јосифово — црква   Q20499641 значително подобрена статија
65. Удово — село   Q3135055 значително подобрена статија
66. Црква „Св. Атанасиј“ - Удово — црква   Q25552812 значително подобрена статија
67. Спомен-костурница (Удово) — костурница   Q12759431 нова статија
68. ПУ „Страшо Пинџур“ - Моин — основно училиште   Q62465259 нова статија
69. ПУ „Ѓорѓи Делев“ - Смоквица — основно училиште   Q62573240 нова статија
70. ПУ „Ристо Шуклев“ - Кованец — основно училиште   Q62569598 нова статија
71. Чичи Каја — планински врв   Q62585184 нова статија
72. ПУ „Јане Сандански“ - Грчиште — основно училиште   Q124618081 нова статија
73. ПУ „Мито Симеонов“ - Марвинци — основно училиште   Q124618056 нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Трета експедиција

уреди

Порече

уреди
 
Карта на посетени села во текот на експедицијата

Порече, огромна област, со бројни села и логистички тешка област, поради мноштвото села раштркани на околните планини како Сува Гора и Добра Вода, со што пристапот до секое од нив е искачување на големи брда пред себе.

Сепак мора да се признае, огромен успех за нашите тројца Википедијанци, составени од Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Полупрофесионален Шофер, кои претходниот тридневен викенд го поминаа во оваа блиска, а толку далечна област.

Искористувајќи го патниот правец преку природниот резерват „Јасен“, каде што летно време до 09:00 часот наутро може да се премине до Близанско, тргнавме рано утрината во саботата (24 јуни).

Експедицијата започна веднаш со посета на двете села на левиот брег на вештачкото езеро Козјак, Здуње и Близанско, до кои се стигнува преку мостот преку езерото. До мостот води целосен асфалтен пат, кој е во добра состојба, но оттука има поставено табла дека патот е во изградба и тоа трае до селото Белица, каде што бевме сместени, на самата Белешничка Река.

Прв ден

Првиот ден сакавме да ги опфатиме сите села од поранешната Општина Самоков, но веднаш увидовме дека тоа е голем подвиг.

Почнувајќи од Калуѓерец, Инче, Зркле, Лупште..., селата се редеа едноподруго, и до секое патот водеше само до него, со што за секое од нив моравме да трошиме време да отидеме и да се вратиме до главниот пат, со што увидовме дека нема да биде воопшто лесна задача.

Исто така, многу потешка задача ни беше пронаоѓањето на преостанатите цркви во селата, со оглед на испустеноста на селата, каде што одвај и да најдовме некој мештанин да проговориме.

Втор ден

Вториот ден повторно ни започна во поранешната Општина Самоков. Подоцна продолживме во средиштето на денешната Општина Македонски Брод, знаејќи дека наредниот ден ќе се враќаме преку Кичево, со што преостанатите села во долниот дел на општината, намерно ги оставивме на одење.

Пеколниот бран на температури веќе се чувствуваше во неделата (25 јуни), но движејќи се низ шумските делови на Порече, скоро и да не го почувствувавме, но повторно се боревме во тоа да ги изнајдеме сите цркви претходно запишани во нашиот тефтер.

Скоро и да станавме махери во разликување на сателитски снимки од нашите мобилни уреди.

Трет ден

Третиот ден ни останаа само малку села за посета, со што иако на почетокот на првиот ден подвигот за посета на 50 села во целата општина ни изгледаше далечен сега бевме на 30 села во претходните два дена.

Сепак од нив, 8 не можевме да ги посетиме поради лошите и неасфалтирани патишта, поради што третиот ден го започнавме со 12 села пред нас.

Буквално, последното село, Ижиште, над Пласница, го посетивме во последните моменти пред да заврне, но и со неговите фотографии се упативме кон Скопје за завршувањето на успешната експедиција.

Исход

Со 42 посетени и фотографирани села, толку и повеќе цркви, бројни панорамски фотографии и поминати над 700 километри во три дена, поставивме нови рекорди на овој наш необичен проект.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Здуње (Порече) — село   Q3137344 значително подобрена статија
2. Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Здуње — црква   Q20500984 нова статија
3. Близанско — село   Q2906671 значително подобрена статија
4. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Близанско — црква   Q38370418 нова статија
5. Црква „Св. Петка“ - Близанско — црква   Q38371090 нова статија
6. Црква „Св. Петка“ - населба Близанска — црква   Q38371354 нова статија
7. Брезница (Порече) — село   Q1280806 значително подобрена статија
8. Белица (Порече) — село   Q2894537 значително подобрена статија
9. Црква „Св. Пантелејмон“ - Белица — црква   Q12911895 значително подобрена статија
10. Црква „Св. Никола“ - Белица — црква   Q12911878 значително подобрена статија
11. Црква „Вознесение Христово“ - Белица — црква   Q12911660 значително подобрена статија
12. Белица (река) — река   Q40422855 нова статија
13. Битово — село   Q2904932 значително подобрена статија
14. Црква „Св. Никола“ - Битово — црква   Q40423364 нова статија
15. Мала Река (Поречка) — река   Q20569686 подобрена статија
16. Брест (Порече) — село   Q2924534 значително подобрена статија
17. Црква „Св. Талалеј“ - Брест — црква   Q12168587 подобрена статија
18. Црква „Св. Јован Крстител“ - Брест — црква   Q12168565 подобрена статија
19. Црква „Св. Петка“ - Брест — црква   Q40437723 нова статија
20. Барбарос — историско село   Q8059864 подобрена статија
21. Волче — село   Q3136941 значително подобрена статија
22. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Волче — црква   Q40448110 нова статија
23. Горни Манастирец — село   Q3111084 значително подобрена статија
24. Црква „Св. Богородица“ - Горни Манастирец — црква   Q40454317 нова статија
25. Поречки манастир — манастир   Q12291087 подобрена статија
26. Спомен-костурница (Горни Манастирец) — спомен-костурница   Q40455076 нова статија
27. Горно Крушје (Порече) — село   Q599768 значително подобрена статија
28. Црква „Св. Талалеј“ - Горно Крушје — црква   Q41320371 нова статија
29. Грешница (Порече) — село   Q3116056 значително подобрена статија
30. Црква „Св. Петка“ - Грешница — црква   Q41324415 нова статија
31. Девич — село   Q3025510 значително подобрена статија
32. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Девич — црква   Q41536633 нова статија
33. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Девич — црква   Q41536295 нова статија
34. Пешница — река   Q12909546 подобрена статија
35. Пешна — пештера   Q20569785 подобрена статија
36. Долно Крушје — село   Q3034223 значително подобрена статија
37. Црква „Св. Никола“ - Долно Крушје — црква   Q41566274 нова статија
38. Долни Манастирец — село   Q287706 значително подобрена статија
39. Драгов Дол — село   Q3038846 значително подобрена статија
40. Дреново (Порече) — село   Q3039364 значително подобрена статија
41. Сланска Река — река   Q41711026 нова статија
42. Заград — село   Q3139626 значително подобрена статија
43. Звечан — село   Q3137350 значително подобрена статија
44. Црква „Вознесение Христово“ - Звечан — црква   Q41783391 нова статија
45. Зркле — село   Q3137386 значително подобрена статија
46. Црква „Св. Никола“ - Зркле — село   Q41784869 нова статија
47. Ижиште — село   Q3139570 значително подобрена статија
48. Црква „Св. Никола“ - Ижиште — село   Q20497724 нова статија
49. Инче — село   Q3137395 значително подобрена статија
50. Калуѓерец — село   Q3139585 значително подобрена статија
51. Црква „Св. Никола“ - Калуѓерец — црква   Q42053883 нова статија
52. Црква „Св. Недела“ - Калуѓерец — црква   Q42055329 нова статија
53. Црква „Св. Илија“ - Калуѓерец — црква   Q42055033 нова статија
54. Ковач (село) — село   Q3137334 значително подобрена статија
55. Црква „Св. Теодор Тирон“ - Ковач — црква   Q42162072 нова статија
56. Црква „Св. Јован Крстител“ - Ковач — црква   Q42161667 нова статија
57. Црква „Св. Атанасиј“ - Ковач — црква   Q20500204 нова статија
58. Косово (Порече) — село   Q3137021 значително подобрена статија
59. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Косово — црква   Q42286041 нова статија
60. Крапа — село   Q3137034 значително подобрена статија
61. Црква „Св. Никола“ - Крапа — црква   Q42304405 нова статија
62. Црква „Св. Недела“ - Крапа — црква   Q42304424 нова статија
63. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Крапа — црква   Q42304456 нова статија
64. Крапски манастир — манастир   Q42304508 нова статија
65. Крапска Река — река   Q31360632 подобрена статија
66. Ропотовска парохија — црковна парохија   Q20574489 подобрена статија
67. Латово — село   Q736165 значително подобрена статија
68. Локвица — село   Q3139546 значително подобрена статија
69. Црква „Св. Димитриј“ - Локвица — црква   Q18947054 подобрена статија
70. Црква „Св. Атанасиј“ - Локвица — црква   Q42306852 подобрена статија
71. Лупште — село   Q3137378 значително подобрена статија
72. Црква „Св. Петар и Павле“ - Лупште — црква   Q42307009 нова статија
73. Могилец — село   Q3139533 значително подобрена статија
74. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Могилец — црква   Q42318953 нова статија
75. Црква „Воскресение Христово“ - Могилец — црква   Q42319076 нова статија
76. Могилечки манастир — манастир   Q42319206 нова статија
77. Модриште — село   Q652986 значително подобрена статија
78. Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Модриште — црква   Q12911748 подобрена статија
79. Ореовец (Порече) — село   Q3137371 значително подобрена статија
80. Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Ореовец — црква   Q20501038 нова статија
81. Растеш — село   Q3139551 значително подобрена статија
82. Црква „Св. Јован“ - Растеш — црква   Q42418906 нова статија
83. Русјаци — село   Q532145 значително подобрена статија
84. Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Русјаци — црква   Q42571199 нова статија
85. Русјачка парохија — црковна парохија   Q42422276 нова статија
86. Самоков — село   Q3139599 значително подобрена статија
87. Јозеф Обрембски — етнолог и социолог   Q11038494 подобрена статија
88. Црква „Св. Илија“ - Самоков — црква   Q42441517 нова статија
89. Сланско — село   Q3139608 значително подобрена статија
90. Црква „Св. Никола“ - Сланско — црква   Q12911896 подобрена статија
91. Црква „Св. Илија“ - Сланско — црква   Q12911833 подобрена статија
92. Слатина (Порече) — село   Q3137402 значително подобрена статија
93. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Слатина — црква   Q42861373 нова статија
94. Слатинска Река — река   Q42861108 нова статија
95. Суводол (Порече) — село   Q3077612 значително подобрена статија
96. Црква „Св. Никола“ - Суводол — црква   Q42891049 нова статија
97. Сушица (Порече) — село   Q3139577 значително подобрена статија
98. Црква „Св. Никола“ - Сушица (Порече) — црква   Q43019227 нова статија
99. Томино Село — село   Q3077518 значително подобрена статија
100. Црква „Св. Константин и Елена“ - Томино Село — црква   Q43029374 нова статија
101. Тополница (Порече) — село   Q3532113 значително подобрена статија
102. Црква „Св. Атанасиј“ - Тополница — црква   Q43195697 нова статија
103. Требино — село   Q3077639 значително подобрена статија
104. Црква „Св. Димитриј“ - Требино — црква   Q20498426 нова статија
105. Требовље — село   Q3077543 значително подобрена статија
106. Црква „Вознесение Христово“ - Требовље — црква   Q20569340 значително подобрена статија
107. Црешнево (Порече) — село   Q3077539 значително подобрена статија
108. Црква „Вознесение Христово“ - Црешнево — црква   Q43374451 нова статија
109. Црква „Св. Никола“ - Црешнево — црква   Q43374647 нова статија
110. ПУ „Св. Климент Охридски“ - Суводол — основно училиште   Q62600790 нова статија
111. ПУ „Св. Климент Охридски“ - Требино — основно училиште   Q62618536 нова статија
112. ПУ „Св. Климент Охридски“ - Самоков — основно училиште   Q62664167 нова статија
113. ПУ „Св. Климент Охридски“ - Црешнево — основно училиште   Q62704142 нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Четврта експедиција

уреди
 
Подрачја во Општина Маврово и Ростуше покриени со експедицијата.

Река

уреди

Река, област во која се испреплетуваат религиите, јазиците и народите со преубава околина, шумски подрачја, високи планини и многу реки. Иако, првично ни беше планот да ја посетиме само областа Горна Река, сепак пред одржувањето на експедицијата ги додадовме и долнореканските села во нашиот список на посета.

Експедицијата започна уште во текот на попладневните часови во петокот (28 јули), кога се упативме кон нашето сместување, новоотворениот хотел „Кораб Трница“ во истоименото историско село, од каде ни се пружаа патиштата кон целата област.

Прв ден

Во согласност со нашиот претходен план, првиот ден го отпочнавме со посета на горнореканските села, до кои води тежок земјен пат, по кој направивме цел круг. Отпочнавме над Маврови Анови со асфалтниот пат до селото Врбен. Од Врбен, продолжува земјениот пат, кој води до селата Богдево, Кракорница, Бродец, како и Ничпур и историското село Стрезимир, каде моментално се наоѓа караула на граничната полиција. Овие тешки предели пружаат неверојатни погледи на врвовите на Кораб и на последните огранки на Шар Планина, а од секаде блика вода која се собира преку каптажи направени пред 70 години во рамки на сложениот хидросистем „Маврово“.

Како втор дел од нашиот прв ден се состоеше обид за посета на преостанатите горнорекански села, односно селата долж Длабока и Рибничка Река, како Нистрово, Рибница, Бибање, до кои успеавме да дојдеме со нашето возило. Останатите четири села не беа посетени од наша страна, поради тешките патни услови, па остануваат за посета на друг начин.

Втор ден

Вториот ден го започнавме со посета на селото Волковија, кое се наоѓа над Трница и до кое води асфалтен пат. Потоа, почнавме со ред да ги посетуваме долнореканските села, почнувајќи од обете страни на Радика, од Сенце до Скудриње, на крајот од денот.

Иако асфалтни патишта, селата со своите височини сместени на високите падини на планините, беа вистински предизвик за посета. За разлика од горнореканските села, кои поради самите патни услови, скоро и да не сретнавме некој преостанат жител, во долнореканските села се забележуваше живост, благодарение и на вратените иселеници, кои својот одмор го поминуваат во селата. Особено живо беше селото Жировница, кое буквално наликува на мал град.

Покрај опфатени села, цркви и џамии низ селата, го посетивме и познатиот Дуфски Водопад, сместен на 20-тина минути пеш од селото Ростуше.

Исход

Експедицијата во Река ја завршивме со 23 посетени и фотографирани села и 2 историски месности (поранешни села), како и многубројни верски објекти, бројни панорамски фотографии и поминати над 400 километри во два дена.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Врбен — село   Q736126 значително подобрена статија
2. Црква „Св. Никола“ - Врбен — црква   Q42781580 нова статија
3. ХЕЦ „Врбен“ — хидроцентрала   Q12911389 значително подобрена статија
4. Паскал Сотировски — споменик   Q7142202 подобрена статија
5. Богдево — село   Q2227303 значително подобрена статија
6. Црква „Св. Димитриј“ - Богдево — црква   Q43376828 нова статија
7. Кракорница — село   Q3075926 значително подобрена статија
8. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Кракорница — црква   Q43872045 нова статија
9. Бродец (Гостиварско) — село   Q2925944 значително подобрена статија
10. Црква „Св. Никола“ - Бродец — црква   Q44054426 нова статија
11. Бродечка Река — река   Q44005029 нова статија
12. Аџина Река — река   Q31360526 нова статија
13. Штировица (река) — река   Q44153977 нова статија
14. Бродечки манастир — манастир   Q44158628 нова статија
15. Црква „Св. Петка“ - Бродец — црква   Q44162568 нова статија
16. Црква „Св. Атанасиј“ - Ничпур — црква   Q56073515 нова статија
17. Света вода „Топлец“ — параклис   Q56236217 нова статија
18. Џамија (Рибница) — џамија   Q56236262 нова статија
19. Џамија (Нистрово) — џамија   Q56236274 нова статија
20. Црква „Св. Никола“ - Трница — црква   Q12911894 подобрена статија
21. Трнички манастир — манастир   Q56217189 нова статија
22. Црква „Св. Богородица“ - Сенце — црква   Q56236291 нова статија
23. Џамија (Сенце) — џамија   Q56236294 нова статија
24. Џамија (Горно Маало во Жировница) — џамија   Q56236300 нова статија
25. Џамија (Центар во Жировница) — џамија   Q56236302 нова статија
26. Џамија (Долно Маало во Жировница) — џамија   Q56236306 нова статија
27. Џамија (Видуше) — џамија   Q56236310 нова статија
28. Стара џамија (Ростуше) — џамија   Q56230624 нова статија
29. Нова џамија (Ростуше) — џамија   Q56236318 нова статија
30. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ростуше — црква   Q56236814 нова статија
31. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Битуше — црква   Q20499690 нова статија
32. Црква „Св. Илија“ - Битуше — црква   Q56236953 нова статија
33. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велебрдо — црква   Q56237035 нова статија
34. Џамија (Велебрдо) — џамија   Q56237042 нова статија
35. Џамија (Требиште) — џамија   Q56237057 нова статија
36. Црква „Св. Ахил Лариски“ - Требиште — црква   Q20500470 нова статија
37. Црква „Пресвета Богородица“ - Јанче — црква   Q56237067 нова статија
38. Џамија (Јанче) — џамија   Q56237078 нова статија
39. Дуфски Водопад — водопад   Q5312295 подобрена статија
40. Ростушка Река — река   Q56239683 нова статија
41. Жерноица — река   Q56239711 значително подобрена статија
42. Рибничка Река — река   Q55006488 подобрена статија
43. Црква „Св. Никола“ - Кичиница — црква   Q19792205 подобрена статија
44. Горна Река — област   Q18357319 значително подобрена статија ( )
45. Кораб — планина   Q211616 подобрена статија
46. Болетин — село   Q2909352 значително подобрена статија
47. Кичиница — село   Q3076008 значително подобрена статија
48. Аџиевци — село   Q2824490 значително подобрена статија
49. Битуше — село   Q2904925 значително подобрена статија
50. Бибање — село   Q2900930 значително подобрена статија
51. Велебрдо — село   Q3136870 значително подобрена статија
52. Видуше — село   Q3136928 значително подобрена статија
53. Врбјани (Ростушко) — село   Q3136917 значително подобрена статија
54. Жировница — село   Q3136902 значително подобрена статија
55. ОУ „Хајан Селмани“ - Ростуше — основно училиште   Q20568205 значително подобрена статија
56. Јанче — село   Q3075325 значително подобрена статија
57. Волковија (Ростушко) — село   Q3136753 значително подобрена статија
58. Ничпур — село   Q3137102 значително подобрена статија
59. Нистрово — село   Q3075932 значително подобрена статија
60. Црква „Вознесение Христово“ - Нистрово — црква   Q92795440 нова статија
61. Присојница — село   Q3075978 значително подобрена статија
62. Рибница — село   Q2647492 значително подобрена статија
63. Ростуше — село   Q3040250 значително подобрена статија
64. Стара болница (Ростуше) — градба   Q39379479 нова статија
65. СОУ „Маврово-Ростуше“ - Ростуше — средно училиште   Q20569262 значително подобрена статија
66. Сенце — село   Q3076530 значително подобрена статија
67. Скудриње — село   Q3075862 значително подобрена статија
68. Требиште — село   Q913309 значително подобрена статија
69. Стрезимир — историско село   Q12295681 значително подобрена статија
70. Трница — историско село   Q12297120 значително подобрена статија
71. Општина Ростуша — општина   Q95678697 нова статија
72. Маврово — село   Q1396930 значително подобрена статија
73. Црква „Св. Никола Летен“ - Маврово — црква   Q20499317 нова статија
74. Црква „Св. Никола“ - Маврово (нова) — црква   Q20566577 значително подобрена статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Петта експедиција

уреди
 
Подрачјата во Општина Кавадарци покриени со викиекспедицијата.

Општина Кавадарци

уреди

На петтата експедиција за 2017 година се упативме кон Општина Кавадарци и овој пат немавме одредено една област за посета, туку повеќе помали области, од кои најбитно ни беше да ги опфатиме селата од поранешната Општина Конопиште, сместени на крајниот југ од денешната општина.

Прв ден

Така, тргнувајќи од Скопје на 16 септември (сабота) во раните утрински часови, веднаш се упативме кон најоддалечените села во општината, Рожден и Мајден, кои претставуваат дел од Тиквешко Мариово. До Мајден води неасфалтиран макадамски пат, но сепак самиот пат е во солидна состојба, а рамниот терен до селото го олеснува движењето. По посетата на Мајден, се вративме кон Мрежичко, каде е сместена фабриката „Кожувчанка“, а на раскрсницата на регионалниот пат свртевме кон поранешното општинско средиште Конопиште, каде се наоѓа седиштето на втората фабрика за вода, „Горска“.

Оттука, по земјен пат продолживме кон бошавичките села, посетувајќи го најпрвин селото Горна Бошава, каде имавме интересен разговор со мештаните и ја пробавме локалната мастика. По краткиот одмор и откако се поздравивме со нашите домаќини, се упативме кон Бошавичкиот манастир и останатите села во Бошавијата.

На крајот на денот се сместивме на крајбрежјето на Тиквешкото Езеро во поранешното село Брушани, кое денес е прераснато во викенд-населба.

Втор ден

Вториот ден го започнавме со изнаоѓање на новоизградената црква во селото Брушани, а подоцна и посета на селата околу комбинатот ФЕНИ, при што во селото Возарци, кое се верува дека името го добило, бидејќи куќите биле наредени како „воз“, клисарот во црквата ни укажа на старата црква „Св. Ѓорѓи“, за која немавме податок, дека била запалена од невнимание со управување на згурата од страна на комбинатот „ФЕНИ“. Денес, црквата е повторно изградена со средства на ФЕНИ, но опасната згура се наоѓа преблизу до селото и до двете селски цркви.

Подоцна, отидовме да ги посетиме селата Ресава, Бегниште и Дабниште, а за жал поради раскопаниот земјен пат не успеавме да го посетиме иселеното село Кошани. По појадокот во Кавадарци се упативме кон Ваташа, која е целосно споена со градот. Таму, искачувајќи се на блискиот рид, каде се гради нова црква направивме убава панорама на самиот град Кавадарци и Ваташа, село или веќе приградска населба.

Кон крајот на денот се упативме кон селото Гарниково, од каде потекнува академикот Блаже Ристовски, каде ја најдовме старата црква „Св. Мина“, една од ретките цркви со тоа име низ Македонија.

На крајот на денот ги посетивме рамничарските села на другата страна на Кавадарци, Глишиќ, Марена и Сопот.

Исход

Експедицијата во Кавадарци ја завршивме со 21 посетено и фотографирано село и 2 историски месности (поранешни села), како и многубројни верски објекти, бројни панорамски фотографии и поминати над 500 километри во два дена.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Мрежичко — село   Q3073802 значително подобрена статија
2. Црква „Св. Димитриј“ - Мрежичко — црква   Q12911816 значително подобрена статија
3. Црква „Пресвета Богородица“ - Мрежичко — црква   Q45106462 нова статија
4. Ваташка парохија — црковна парохија   Q45301015 подобрена статија
5. Блаштица — река   Q45201033 нова статија
6. Рожден — село   Q3073834 значително подобрена статија
7. Црква „Вознесение Христово“ - Рожден — црква   Q12911938 значително подобрена статија
8. Рудник ’Ржаново — рудник   Q45293717 нова статија
9. ’Ржаново (Кавадаречко) — село   Q3073809 значително подобрена статија
10. ’Ржановски манастир — манастир   Q20567662 подобрена статија
11. Црква „Св. Петар“ - ’Ржаново — црква   Q45301768 нова статија
12. Мајден — село   Q3073716 значително подобрена статија
13. Алшар — рудник   Q1248582 подобрена статија
14. Конопиште — село   Q3073232 значително подобрена статија
15. Бошава — река   Q2908304 значително подобрена статија
16. Црква „Св. Стефан“ - Конопиште — црква   Q12911940 значително подобрена статија
17. Црква „Св. Атанасиј“ - Конопиште — црква   Q46623456 нова статија
18. Горна Бошава — село   Q3073648 значително подобрена статија
19. Црква „Св. Илија“ - Горна Бошава — црква   Q47092603 нова статија
20. Бошавски манастир — манастир   Q15730553 подобрена статија
21. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долна Бошава — црква   Q20569348 подобрена статија
22. Чемерско — село   Q3073820 значително подобрена статија
23. Црква „Вознесение Христово“ - Чемерско — црква   Q24192506 нова статија
24. Чемерски манастир — манастир   Q47466691 нова статија
25. Општина Конопиште — општина   Q47466954 нова статија
26. Бохула — село   Q2908809 значително подобрена статија
27. Црква „Св. Атанасиј“ - Бохула — црква   Q20500010 нова статија
28. Страгово — село   Q3073828 значително подобрена статија
29. Црква „Св. Димитриј“ - Страгово — црква   Q20575510 значително подобрена статија
30. Црква „Св. Петка“ - Страгово — црква   Q47495000 нова статија
31. Тиквешко Езеро — езеро   Q3086506 подобрена статија
32. Вишешница — планина   Q20941140 подобрена статија
33. Драдња — село   Q3038576 значително подобрена статија
34. Брушани — село   Q2413665 значително подобрена статија
35. Црква „Св. Недела“ - Брушани — црква   Q47517203 нова статија
36. Градиште (остров) — остров   Q20565898 значително подобрена статија
37. Бојанчиште — село   Q2922997 значително подобрена статија
38. Црква „Св. Богородица“ - Бојанчиште — црква   Q20498599 нова статија
39. Бојанчишки манастир — манастир   Q47759084 нова статија
40. Маренска парохија — црковна парохија   Q20572880 подобрена статија
41. Бегниште — село   Q2893833 значително подобрена статија
42. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бегниште — црква   Q12911671 значително подобрена статија
43. Возарци — село   Q787682 значително подобрена статија
44. Црква „Св. Богородица“ - Возарци — црква   Q12911783 значително подобрена статија
45. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Возарци — црква   Q48336611 нова статија
46. Дабниште — село   Q3011596 значително подобрена статија
47. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дабниште — црква   Q12911784 значително подобрена статија
48. Ресава — село   Q3073841 значително подобрена статија
49. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ресава — црква   Q12911725 значително подобрена статија
50. Луда Мара — река   Q12908198 значително подобрена статија
51. Козјак (Мариово) — планина   Q10977129 подобрена статија
52. ОУ „Димката Ангелов-Габерот“ - Ваташа — основно училиште   Q20567658 значително подобрена статија
53. Димката Ангелов Габерот — партизан   Q12278187 подобрена статија
54. Шивец — село   Q2964035 значително подобрена статија
55. Црква „Св. Стефан“ - Шивец — црква   Q12911942 значително подобрена статија
56. Витачево — висорамнина   Q50015694 подобрена статија
57. Гарниково — село   Q3072633 значително подобрена статија
58. Црква „Св. Мина“ - Гарниково — црква   Q12911862 значително подобрена статија
59. Глишиќ — село   Q3072760 значително подобрена статија
60. Црква „Св. Димитриј“ - Глишиќ — црква   Q12911808 значително подобрена статија
61. Марена — село   Q3073845 значително подобрена статија
62. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Марена — црква   Q12911786 значително подобрена статија
63. Сопот (Кавадаречко) — село   Q923451 значително подобрена статија
64. Црква „Св. Атанасиј“ - Сопот — црква   Q12911742 значително подобрена статија
65. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ваташа — црква   Q15803347 значително подобрена статија
66. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ваташа — црква   Q50295725 нова статија
67. Црква „Св. Никола“ - Ваташа — црква   Q20566605 значително подобрена статија
68. Моклишки манастир — манастир   Q12908707 подобрена статија
69. Катунишко Езеро — езеро   Q125258847 нова статија
70. Ваташа — село   Q3136277 значително подобрена статија
71. Спомен-куќа на Страшо Пинџур — меморијален музеј   Q47087120 нова статија
72. Страшо Пинџур — народен херој   Q3397162 подобрена статија
73. Кавадарци — град   Q158088 подобрена статија
74. ПУ „Дешка Тошева“ - Бегниште — основно училиште   Q62762718 нова статија
75. Крњево — село   Q3073963 значително подобрена статија
76. Долна Бошава — село   Q3034184 значително подобрена статија
77. Црква „Св. Троица“ - Ваташа — село   Q125258802 нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано

уреди