Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велебрдо
црква во селото Велебрдо
Свети Ѓорѓи — главна и единствена црква во долнореканското село Велебрдо.[1] Црквата се наоѓа во крајниот јужен дел од селото, на околу стотина метри по исклучување од десната страна на долниот крак од патот кој минува низ селото.
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°36′56.1″N 20°35′52.6″E / 41.615583° СГШ; 20.597944° ИГД |
Место | Велебрдо |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Архитектонски опис |
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. Ѕидовите на црквата содржат повеќе монофори и слепи ниши. Влезната врата се наоѓа на западната страна и над неа има ниша со правоаголна слика со ликот на Свети Георги. Црквата во целост е изградена од камен. Влезниот простор е покриен со кров од ќерамиди, додека крилата и куполата се покриени со лимен кров.
Во дворот на црквата има помошен објект.
Галерија
уреди-
Влезната врата на црквата
-
Помошниот објект во дворот на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 36. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велебрдо на Ризницата ?