Црква „Св. Димитриј“ - Балинци
Свети Димитриј — главна селска црква во валандовското село Балинци, Македонија.[1]
Свети Димитриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Валандовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′13″N 22°30′37″E / 41.28694° СГШ; 22.51028° ИГД |
Место | Балинци |
Општина | Валандово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Димитриј Солунски |
Изградба | 1860 1931 |
Живопис | 1938 |
Зограф | браќа Доневи |
Рушење | 1931 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа западно од селото и до нејзе води земјен пат, кој започнува од селото.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
уредиСтариот црковен објект бил изграден од познатиот неимар, иконописец и резбар Андон Китанов од родот Ангелковци од село Тресонче во Мала Река, Дебарско, пред 1860 година, но тој бил разурнат од Валандовскиот земјотрес во 1931 година. Сегашната црква е изградена по земјотресот од 1931 година со помош на верниците од селото.[2]
Архитектура
уредиЦрквата е трикорабна, со женски дел на западната страна и со мала полукружна олтарна апсида од надвор. Централниот кораб е своден и ги надвишува двата странични кораба. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот од западната страна. Од јужната и од западната страна има отворен трем. Црковното ѕвоно се наоѓа на западната страна од храмот.[2]
Иконостас
уредиИконостасот е изработен во 1938 година од браќата Доневи од мијачкото село Гари, Дебарско. Покрај иконите од иконостасот кои датираат од 1938 година, во црквата „Св. Димитриј“ има и стари икони со потекло од XIX век.[2]
Галерија
уреди-
Источната страна (2017)
-
Припратата (2017)
-
Влезот (2017)
-
Тремот (2017)
-
Sвоното (2017)
-
Селските гробишта
-
Апсидата (2023)
-
Припратата на јужната страна (2023)
-
Влезот (2023)
-
Припратата на западната страна (2023)
-
Главниот влез (2023)
-
Камбанаријата (2023)
-
Поглед на црквата (2023)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 26 јули 2017.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Балинци на Ризницата ?