Црква „Св. Петка“ - Марвинци
Света Петка
| |
![]() Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Валандовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°16′54″N 22°30′14″E / 41.28167° СГШ; 22.50389° ИГДКоординати: 41°16′54″N 22°30′14″E / 41.28167° СГШ; 22.50389° ИГД |
Место | Марвинци |
Општина | Валандово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | XIX век 1926 1931 |
Рушење | 1931 |
Изгорена | 1913 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Света Петка — главна селска црква на валандовското село Марвинци.[1] Црквата се наоѓа над селото.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта на Марвинци.
ИсторијаУреди
Според народното предание, првобитната црква во селото била подигната во втората половина на XIX век. Нејзин градител бил познатиот неимар од селото Тресонче, Андон Китанов.[2]
Но, во 1913 година била запалена од грчките андарти и изгорела. Повторно, била изградена во 1926 година на местото на старата црква.[2]
За несреќа, во 1931 година била разурната од катастрофалниот Валандовски земјотрес, но со помош на верниците од селото, повторно била обновена.[2]
АрхитектураУреди
Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна, со дрвени рамни тавани, со нартекс на западната страна и со полукружна олтарна апсида на источната страна. Црквата има голем иконостас, долг над десет метри, изработен во 1927-1928 година. Царските двери потекнуваат од 1928 година, а иконите од 1927 година.[2]
ГалеријаУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2006. Посетено на 17 јули 2017.
Надворешни врскиУреди
- Црква „Св. Петка“ - Марвинци на Ризницата ?