’Ржановски манастир

манастир во Македонија

’Ржановски манастир — нов манастир во мариовското село ’Ржаново, сместен во самата рударска населба ’Ржаново.[1]

’Ржановски Манастир
Манастирската црква „Св. Петар“
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Петар“ - ’Ржаново
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наАпостол Петар
ЕпархијаПовардарска
Цркви„Св. Петар“
Личности
Место
Место’Ржаново, Општина Кавадарци, Мариово, Македонија Македонија
Координати41°11′23″N 21°58′11″E / 41.18972° СГШ; 21.96972° ИГД / 41.18972; 21.96972
Видливи остатоци1 црква, конак
Отворен за јавностада
Други информации(Ваташка парохија)

Историја

уреди

Денес, комплексот е во понезавидна состојба отколку во средината на 80-тите години на XX век, кога населбата била населена со 800 рудари.[1]

Градби во манастирот

уреди

Манастирскиот комплект е составен од: манастирската црква, манастирските конаци, како и други помошни објекти.

Црква „Свети Петар“

уреди

Главната манастирска црква е посветена на апостолот Петар, по која е и наречен целиот манастир.[1]

Конаци

уреди

Како манастирски конак искористена е една од рударските бараки, која е потполно опремена со кревети и санитарни јасли и постои иницијатива уште една барака да се претвори во конак.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Дарудова, Светлана (5 август 2014). „ОД НАСЕЛБА СО 800 РУДАРИ ОСТАНАА САМО УРНАТИНИ И ПРИКАЗНИТЕ“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2014-10-12. Посетено на 12 декември 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)