Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пирава

црква во селото Пирава

Свети Ѓорѓи — главна црква во валандовското село Пирава, а воедно и парохиски храм на Пиравската парохија.[1]

Свети Ѓорѓи

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Пиравска
Местоположба

Карта

Координати 41°19′16″N 22°31′48.4″E / 41.32111° СГШ; 22.530111° ИГД / 41.32111; 22.530111
Место Пирава
Општина Валандово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1932
Завршено 1934
Живопис 1934
Зограф Димитар Папрадишки
Архитектонски опис
Архит. тип крстокуполен храм

Местоположба

уреди
 
Црквата во 1931 година

Црквата се наоѓа во самото село Пирава, сместена непосредно до самото сретсело.

Историја

уреди

Црквата е изградена по земјотресот од 1931 година, во периодот од 1932 до 1934 г. Реновирана е во 1994 година и осветена е од тоашниот поглавар на МПЦ, г.г. Михаил.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм. Куполата, која е со осумстран тамбур, се потпира на четири пиластри поврзани со лакови. Нартексот на црквата е засводен со попречен свод на две води. Меѓу првата припрата и куполата се издига камбанаријата. Таа е свртена кон запад и е опремена со голема камбана. На источната страна, храмот завршува со апсида која е тешко приемлива. Црквата има оградено дворно место и два влеза - од северната и од јужната страна.[2] Над главниот влез од црквата има витраж на кој е прикажан Свети Ѓорѓи како го убива аждерот.

Иконостас

уреди

Иконостасот во внатрешноста на црквата го сочинуваат стари и нови икони кои потекнуваат од почетокот на XX век. Тој е изработен во времето кога се подигала црквата, а иконите ги насликал познатиот зограф Димитар Папрадишки.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Цркви во Пиравската парохија“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 20 јули 2017.

Надворешни врски

уреди