Парк на ветерни електрани „Богданци“

ветропарк во Богданци

Парк на ветерни електрани „Богданци“ (ПВЕ „Богданци“), познат и како Ветропарк „Богданци“) — ветропарк крај градот Богданци, југоисточна Македонија. Започнал со градба во мај 2013 година и бил завршен за нешто помалку од една година, во февруари 2014 година. Ветерниците биле приклучени во дистрибутивната мрежа за електрична енергија на 21 март 2014 година. Инсталираната моќност на ветропаркот е 36,8 MW.

Ветропарк „Богданци“
Поглед на ветерните турбини во паркот
Парк на ветерни електрани „Богданци“ во рамките на Македонија
Местоположба на ПВЕ „Богданци“ во Македонија
НазивПарк на ветерни електрани „Богданци“
ЗемјаМакедонија
МестоБогданци
Координати41°13′43.4″N 22°33′46.8″E / 41.228722° СГШ; 22.563000° ИГД / 41.228722; 22.563000
Изградбата почнала18 мај 2013
Трошок на изградба55,5 мил.
СопственикЕлектрани на Македонија
Информации за турбините
Турбини16
ПроизведувачСименс Данска
Висина на столбот80 м
Пречник на роторот93 м
Снослива ветрова брзина13-19 врт/мин
Информации за ветропарк
Прос. надм. вис. на теренот424 м
Земјишна површинаРанавец
Информации за произодството
Построен капацитет36,8 МВт
Годишно производство100 ГВтч

Местоположба

уреди

Ветропаркот „Богданци“ се наоѓа крај гратчето Богданци, на ридот Ранавец, кој се издига над Богданци. Зафаќа површина од 29 хектари.

Изградба

уреди

Прва фаза

уреди

Првата фаза на проектот завршила со целосното подигнување и комплетирање на сите 16 предвидени ветерници во февруари 2014 година, додека во март 2014 година течеле активностите за нивно поврзување со електропреносната мрежа на МЕПСО.[1][2] По поврзувањето следувал пробен период во кој се испитувало нивното работење и проверка на целокупната техничка опрема, по што капацитетот влегол во редовно производство.

Во текот на март 2014 година била завршена и потребната инфраструктура и придружни објекти на ветропаркот, како што е патната инфраструктура, приклучување на новиот далновод, командната зграда и 20/110-киловолтната трафостаница.

Целокупниот проект за изградба на првиот ветерен парк во Македонија чинел 55,5 милиони евра, од кои околу 47,9 милиони евра (86,3%) се заем од Владата на СР Германија преку банката КфВ, додека останатите 7,6 милиони евра (13,7%) претставуваат сопствени средства на ЕЛЕМ.[3]

Втора фаза

уреди

Во планираната втора фаза на проектот, се предвидува негово заокружување со уште шест ветерници, со кои инсталираната моќност на овој енергетски капацитет ќе се искачи на 50 мегавати, од кои годишно ќе може да се добиваат околу 125 гигават-часа зелена енергија.

Во 2018 година биле обезбедени финансии за отпочнување на втората фаза од проектот. Финансирањето било од германската банка КфВ во износ од 18 милиони евра, додека Електрани на Македонија би обезбедиле 3 милиони евра сопствени средства.[4]

Пуштање во употреба

уреди

Пробниот период започнал со нивното поврзување со електропреносниот систем на Македонија, а по неговото завршување, ветерниците влегуваат во редовно производство. Ветерниците биле приклучени во дистрибутивната мрежа за електрична енергија на 21 март 2014 година.[5]

До 10 август 2014 година, ветропаркот испорачал 31 милион киловат-часови електрична енергија, што претставува една третина од неговото планирано годишно производство, односно околу 100 милиони киловат-часови струја, која е еднаква количина за задоволување на годишните потреби од струја на град од околу 60.000 жители.[6]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Заврши монтажата на ветерниците во Богданци, наскоро во производство“. Дневник. МПМ Македонија. 21 март 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 17 јануари 2015.
  2. „Се исправија првите ветерници во Македонија“. Нова Македонија. Посетено на 17 јануари 2015.
  3. „Ветерниците во Богданци наскоро ќе прават струја“. Дневник. МПМ Македонија. 21 март 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 17 јануари 2015.
  4. „Обезбедени средства за втората фаза од изградбата на ветропаркот „Богданци". build.mk. Посетено на 2018-12-14.[мртва врска]
  5. „Утре се приклучуваат ветерните електрани во мрежата на ЕВН, четири града два часа без струја“. Дневник. МПМ Македонија. 19 март 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-21. Посетено на 17 јануари 2015.
  6. „Ветерниот парк „Богданци" испорача 31 милион квч струја“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. 10 август 2014. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 17 јануари 2015.

Надворешни врски

уреди