Црква „Св. Димитриј“ - Смоквица
Свети Димитриј — главна селска црква во гевгелиското село Смоквица. Црквата се наоѓа во крајниот западен дел од селото.
Свети Димитриј
| |
Камбанаријата на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Негорска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°15′34.7″N 22°28′04.4″E / 41.259639° СГШ; 22.467889° ИГД |
Место | Смоквица |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитриј Солунски |
Изградба | околу 1830 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Историја
уредиЦрквата е изградена во првата половина на XIX век, односно околу 1830 година, а била обновена во 1905 година од страна на градителската дружина на познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна, со дрвени тавани. Средишниот кораб е поизвишен од страничните и е покриен со квадратни полиња изведени со тенки летвички. Во средината на главниот кораб е насликана икона на платно на којашто е претставен ликот на Исус Христос Седржител. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столба, распоредени во два реда со по четири на јужната и северната страна. Иконостасот во внатрешноста на храмот е исполнет со вредни икони и царски двери изработени од страна на Андон Китанов. Дверите биле изработени во 1863 година во резба со мотиви од растителниот свет. Црквата била зографисана во 1846 година, што може да се забележи и од натписот над главната влезна врата на јужниот ѕид, од внатрешната страна.[1]
Во дворот на црквата се сместени селските гробишта, камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и се состои од четири дела, при што основата на секој следен дел има помала основа. На секоја од страните на првите три дела има по една монофора, додека последниот дел е со повеќе отвори од страните. Камбанаријата е покриена со пирамидален лимен кров над кој има крст.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Смоквица на Ризницата ?