Црква „Св. Илија“ - Битуше
Свети Илија — манастирска црква во долнореканското село Битуше.[1] Црквата се наоѓа во крајниот североисточен дел од селото, на неколку стотина метри од соседното село Велебрдо.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°37′04″N 20°35′27.1″E / 41.61778° СГШ; 20.590861° ИГД |
Место | Битуше |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Осветување | неосветена |
Архитектонски опис |
Контроверзија
уредиПри изградбата на црквата, пред олтарот било изѕидано култното место каде што во минатото верниците му палеле свеќи на Свети Илија. Надлежниот митрополит г. Тимотеј одбил истата да ја освети сè додека изѕиданото место не биде срушено, што наишло на незадоволство кај месното население, така што црквата останала неосветена.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. Секоја страна од куполата содржи монофора, а на повеќе места од ѕидовите на црквата има слепи ниши, вклучувајќи ја и полукружната апсида на источниот ѕид. Над влезната врата има трифорен облик, при што поголемиот среден дел всушност претставува монофора. Црквата во целост е изградена од камен и е покриена со лимен кров.
Во дворот на црквата има споменик на пет загинати борци во Народноослободителната борба.
Галерија
уреди-
Предната страна на црквата
-
Источниот и северниот ѕид на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Црквата со споменикот на паднатите борци
-
Споменик на паднатите борци
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 36. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „"Св. Илија" во Битуше Е, ама и НЕ Е црква Архивирано на 13 ноември 2017 г.“. Вечер. 26 ноември 2004.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Битуше на Ризницата ?