Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Марена
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Марена.[1][2]
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Маренска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°27′46″N 22°01′33″E / 41.46278° СГШ; 22.02583° ИГД |
Место | Марена |
Општина | Кавадарци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица |
Изградба | XIX век |
Живопис | 1879 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабен |
Црквата се наоѓа до главниот пат што води за Кавадарци, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.[3]
Историја
уредиАрхитектура
уредиАрхитектонскиот облик на црквата е трикорабен, создаден од два реда колони кои се меѓусебно врзани со арки. Корабите имаат рамни дрвени таваници, а главниот кораб се надвишува над страничните. На источната страна од црквата е олтарната апсида, а две ниши во олтарниот простор ја вршат функцијата на проскомидија и ѓаконикот. Главниот влез во црквата е од западната страна, а помал влез - спореден е на северната страна.[2][3]
Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна.[3]
Фрескоживопис
уредиНа западниот дел во црквата е галерија на која има една лента со фреско натпис и годината 1879, најверојатно како година кога црквата била зографисана. Внатрешноста на црквата е исполнета со фрески по ѕидовите. Иконостасот во црквата е исполнет со икони: престолни, празнични и на светите апостоли. Три од престолните икони (Св. Никола, Св. Ѓорги, Богородица со Христос и Св. Јован Претеча)се изработени од зографот Петре од село Тресонче 1870 година.[2][3]
На северниот и јужниот ѕид во првата зона се насликани светци во цел раст: „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Петка“, „Св. Мина“, „Св. Теодор Тирион“, „Св. Атанасиј“ и други. Композицијата „Страшниот суд" е насликана на јужниот ѕид во втората зона над светците во цел раст. Големите празници со композициите „Воскресение Христово“, „Влегување во Ерусалим“ (Цветници) и други се наоѓаат на северниот ѕид во втората зона. Во главниот кораб и тоа во горните делови насликани се симболите на четирите евангелисти. Тука се и претставниците на Богородица, Исус Христос и Бог Саваот.[3]
Композицијата Благовештение е над олтарната конха а во нишата од проскомидијата е композицијата Христос воскресна од гроб. На западниот дел од црквата - галеријата е презентирана композицијата Успение Богородично а лево и десно се пророците: Данаил, Илија, Соломон, Давид, Исаија, Елисиј и Еремија.[3]
Галерија
уреди-
Селските гробишта во црковниот двор
-
Спореден влез во црквата
-
Помошен објект на црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Портата на влезот во црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 28 февруари 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Архивирано од изворникот на 2014-02-25. Посетено на 28 февруари 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Марена на Ризницата ?