Црква „Св. Стефан“ - Конопиште

црква во селото Конопиште

Свети Стефан — главна селска црква во селото Конопиште.[1][2]

Свети Стефан

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Ваташка
Местоположба

Карта

Координати 41°14′42″N 22°04′29″E / 41.24500° СГШ; 22.07472° ИГД / 41.24500; 22.07472
Место Конопиште
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Стефан
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Црквата е сместена во самото село, до главниот пат и е целосно опкружена од објектите на претпријатието „Кодинг“.

Историја уреди

Не се знае точната година кога е изградена но се претпоставува дека е изградена во средината на XIX век. Познато е дека црквата била зографисана во 1879 година според еден натпис кој се наоѓа над северниот влез на црквата од внатрешната страна, од браќата Вангел, Никола и Коста од Крушево. Реновирана е во 2002 година.[2]

Ктиторскиот натпис содржи:

„Из руки братја Ваггели Никола Коста отечество Анастас, Иконописател от славно Крушово. В лето 1880 изе октомвриа 15“


Архитектура уреди

Според својата архитектурна форма црквата е трикорабна со полукружно олтарна апсида на источната страна.[2] Слична е на манастирската црква „Св. Архангел“ во селото Долна Бошава.[3]

Фрескоживопис уреди

Фреските се изработени од истите зографи што ги работеле во Долна Бошава.[3]

На јужниот ѕид е прикажано Второто пришествие Христово. Во првата зона на западниот дел од црквата е Светото исповедание, а до него Св. Зосим и Марија Еѓипчанка. На северниот ѕид се Св. Меркурија, Св. Теодор, Св. Пантелејмон, Св. Кузман и Св. Сава. Во втората зона се Св. Илија на коленици, Каменувањето на Св. Стефан и Жртва Аврамова. На западниот ѕид се: Св. Мина, Св. Харалампија, пророк Исаија и Св. Игнатиј кого го растргнуваат два лава. На сводот од главниот кораб, на северната страна се насликани: следните композиции: Христос пред Пилат, Бичување Христово, Патот на Голгота-Носење на крстот, Распетие Христово, Оплакување Христово, Слегување во пеколот и Воскресение Христово.[3]

На јужната страна во наосот се насликани композициите: Томино неверство, Воскресение Лазарево, Влегување во Ерусалим (Цветници), Тајната вечера, Молитва Христова на маслиновата Гора, Предавство Јудино, Петрово одрекување и Христос пред судот. На западниот ѕид кај фреските на Св. Мина и Св. Харалампија има еден запис: „Церна чума исечит људито како што косит косата трева". На иконостасот има царски двери во копаница и во иконопис. Насликано недремливо око, на местото на Бог Саваот каде вообичаено се слика.[3]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 23 декември 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Посетено на 23 декември 2017.[мртва врска]

Надворешни врски уреди